Германија ни зема врвен специјалист за детски болести и одличен фотограф за акт фотографија: Запознајте го Никола Ѓорѓевски! (ФОТО)

Неговите фотографии се празник за очи...

Фото: Фејсбук

За жал Македонија изминативе години ја напуштија многу млади, успешни и талентирани луѓе. Еден од нив е и младиот тетовец Никола Ѓорѓевски (33) кој веќе неколку години живее и работи во Германија. Неговата примарна професија е специјалист за детски болести на клиниката во Шверин, додека втората најголема љубов му е фотографијата.

Никола фотографира портрети, фамилијарни слики, деца, свадби, но најчесто тој фотографира голи/nude девојки. Да, доста интересно звучи. Доктор педијатар, во слободно време се занимава и со фотографирање голи девојки.

Фото: Инстаграм

Но, кога ќе го прашате Никола што е подобро да си во Германија, доктор или фотограф, тој вели дека не би можел да се откаже ниту од едното, ниту од другото….

– Хаха, многу интересно прашање. Не можам да кажам со сигурност, бидејќи и двете професии за мене се многу значајни. Колку повеќе навлегувам во фотографијата, толку повеќе се заљубувам во неа, но од друга страна не би ја напуштил медицината (колку и да е напорна), бидејќи љубовта кон неа е створена уште од мојата најрана возраст.

Колку време си во Германија, каде си точно, што најмногу ти се допаѓа таму?

– Во Германија сум точно 8 години. До почеток на годинава живеевме со мојата сопруга во мало градче, Пархим – во северна Германија, а од мај годинава се преселивме во Шверин/главен град на покраината Мекленбург/Форпомерн во северна Германија. Во Германија ми се допаѓа тоа што уште од почеток германците иако важат за поладна нација, беа многу гостопримливи кон нас, стекнавме и стекнуваме доста пријателства, системот на живот и работа како и можности за развој се поразлични од други земји.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola (@nikola.gj.photography)

Како ли изгледа еден твој работен ден како доктор во Германија?

– Денот ми започнува во 7 часот наутро. Со пиење на утринското кафе почнува подготовката за одење на работа. Секој ден од 8 часот заедно со моите колеги правиме визита на сите пациенти кои во тој момент се на одделението, а откако ќе завршиме со визитата продолжувам со примање и отпуштање на пациенти, како и преглед и терапија на специјални пациенти со проблеми со белите дробови и алергии, што во моментов го правам како субспецијализација.

А како изгледа еден твој работен ден како фотограф?

– Мојот работен ден како фотограф е обратното од денот на еден доктор. Кога знам дека ме очекува ден исполнет со фотографирање, започнувам уште пред тоа да барам локација, да се договарам како ќе изгледа сликата, која светлина ќе ја искористам, потоа следува бирање на облека, фризура и шминка за добивање на перфектната слика. Сликањето на место е доста опуштено и гледам да е без стрес како за мене, така и за моделот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola (@nikola.gj.photography)

Како влезе во светот на фотографијата?

– Во 2019 го започнав патувањето за фотографирање. Желбата за фотографирање се појави од кога почнав да следам и гледам слики на големи фотографи. Така започнав прво да сликам пријатели и пејзажи со мојата прва едноставна камера, за потоа со моето искуство да почнам да работам со професионални модели. Работата како фотограф ја работам со скратено работно време ама со голема страст и љубов. Опсегот на моите услуги вклучува сликање на портрети, фамилијарни слики, слики од деца, свадби, како и ‘‘гола/nude‘‘ фотографија.

Фотографираш исклучиво девојки како што може да се забележи на твоите социјални мрежи. Можеш ли да ни објасниш како доаѓаш до тие девојки, ги бараш ти нив или тие тебе те бараат?

– Не работам исклучиво со девојки, сликам и машки модели, но многу помалку интерес покажуваат машките модели за сликање. Девојките се доста попривлечни како модели за социјалните мрежи.  Искрено, на почеток јас барав модели за луѓето да ме запознаат, да можат да ги видат моите фотографии. Од летото 2020 година почнаа да стасуваат многу понуди и прашања за фотографирање, така што сега ме бараат, со тоа што јас се обидувам да најдам дури слободни термини.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola (@nikola.gj.photography)

Кој ја поставува границата на тоа до колку ќе биде „гола“ фотографијата?

– Тоа е договор помеѓу мене и моделот, во зависнот од тоа за какви фотографии се барањата.

Водиш ли статистика колку девојки имаш фотографирано до сега?

– Не, не водам никаква статистика. Како што може да се види се многу девојки, некои нови, некои со кои веќе сум имал и претходна соработка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola (@nikola.gj.photography)

Се наоѓа ли некоја Македонка на таа листа?

– Повеќето девојки се од Германија, но се разбира дека има и девојки од Македонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola (@nikola.gj.photography)

Се заработува ли добро од фотографирање?

– Со фотографијата се заработува доста добро, ама има доста „хоби“ фотографи, што фотографираат бесплатно, што ја прават фотографијата и професионалните фотографи за жал доста НЕ ценети.

Дел од фотографиите можат да се видат и на неговиот профил на Инстаграм.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.