Џенифер Лопез во фармерките што мажите ги презираат: Дали ова издание на латино-дивата е чиста утка?

Одлучете вие!

Џенифер Лопез неодамна била фотографирана на улиците во Лос Анџелес и тоа во друштво на партнерот, холивудскиот актер Бен Афлек, а двојката на снимањето на емисијата Jimmy Kimmel Live пристигнала во модерни, лежерни изданија

Додека Бен Афлек се држел до класиката – квалитетен беж капут, светлосина кошула и тегет панталони, Џеј Ло се поиграла со трендовски парчиња.

Таа се појавила во шик, сив џемпер со светкави нитни и памучен шал со линии околу вратот, додека облекла капут во светлосина боја.

Пејачката оваа лежерна комбинација ја надополнила со светлосина чанта, сиви чизми од превртена кожа со висока потпетица, но она што на сите им паднало в очи е моделот на фармерки што го одбрала.

Згодната 52-годишна пејачка облекла балон-фармерки, широк модел инспириран од 1980-тите години, кој предизвикува поделени мислења меѓу жените.

Балон-џинсот е популарен последниве две сезони и додека инфлуенсерките го обожаваат и со задоволство го купуваат, дамите што ѝ се лојални на класиката, не се обожавателки на овој модел. Изгледаат урбано и кул, удобни се и совршено се вклопуваат во уличната мода, а во нив не мора да се грижите дали нешто ве стега.

Балон-фармерките главно се карактеризираат со подлабок струк и ногавици што почнуваат да се шират од колковите, притоа скроени се така што изгледаат како да се надувани со воздух, исто како балон, а се стеснуваат околу зглобовите.

Како ви се допаѓа овој модел на фармерки и дали би го носеле?

Вака изгледаат шик-чизмите од соништата на Џенифер Лопез (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.