Илина и Ева за прв пат под македонско знаме на балкански натпревар во Будва (ВИДЕО)

Браво!

Илина и Ева Соколовски за прв пат ја претставуваа Македонија на првиот Балкански натпревар  во ритмичка гимнастика, која се одржа викендов во Будва, во организација на црногорската федерација за гимнастка. Иако, бидејќи живеат во Германија, ги редат сите успеси таму, сепак, овде не успејаа да се закитат со медали, но се среќни што достојно ја претставиле Македонија и имаат само пофални зборови за пречекот и организацијата.

– За пречекот и организацијата едно големо-браво. Јас и Ева ја знаевме конкуренцијата пред време, знаевме дека најголем успех ќе имаат Романија и Бугарија, бидејќи нивните натпреварувачки се неколкукратни светски и европски прваци во гимнастика. Освен тоа настапија со неколку тима и минимум од 15- 20 свои гимнастичарки, вели Илина и додава:

-За нас ова беше нешто ново, прв ваков голем натпревар под знамето на Македонија и  морам да нагласам дека за овој настап најзаслужен е претседателот на Федерацијата за гимнастика, Љупчо Арнаудов. Тој ги среди сите работи за да јас и Ева за прв пат да можеме да настапиме, иако во нашата држава не постои овој спорт,  нема државни натпреварувања. Арнаудов ни беше в ветерот во грб, не бодреше од трибините, вели Илина.

Иако има само 13 години, сепак, Ева се натпреварувала со многу поголеми од неа.

-Ева си ги мереше силите со 15- 16 годишните натпреварувчки, таа беше најмалата натпреварувачка на турнирот и единствена што настапи со четири кореографи,  како и јас – топка,чуневи, лента и хулохоп. И двете не сме задоволни од резултатот кој го направивме, Ева во јуниорска категорија, јас во сениорска конкуренција, но свесни сме,  знаеме колку заслужуваме. а и добро ја познаваме конкуренцијата, додава Илина.

Но, како и секаде на Блакан, така и во Црна Гора, бодовите се делеле како на Евровизија.

-За жал судите од натпреварот направија Евровизија, мислам ќе разберете што сакаме да кажеме. Но, здравје и тоа го има во спортот.  Наше е да работиме и да ја преставуваме нашата татковина на највисоки ниво, но мораме и самите да признаеме дека мозностите и капацитетот на нашата Федерација е толкав, немаме други натпреварувачки што би помогнале дури ни судии немаме на записничка маса, но се надеваме дека државата ќе и помогне на Федерацијата за да бидеме побројни натпреварувачки и со наши суди, кои ќе ни помагат во делењето на поени од записничките маси. И покрај сите недостатоци, сепак, уште еднаш можеме да кажеме големи благодарам на нашата Федерација за се, вели Илина.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.