Маја Беровиќ откри: 20 дена се бореа за мојот живот, сѐ почна со една мала рана! (ФОТО)

Животот и висел на конец...

Маја Беровиќ неодамна преживеа вистинска драма кога завршила во болница, а сега открила дека можела да остане и без нога.

Пејачката раскажала како 20 дена се борела за нејзиниот живот и дека имала пет операции.

„Никогаш не сум била личност која својот приватен живот и приватни проблеми ги изнесувала во јавност. Моите фанови помислија дека се изморив од музика. Јас имав сериозен проблем и мислев дека ќе морам да се откажам од музика, бидејќи некои работи се претворија во ноќна мора“ – рекла Маја во една емисија и додала:

„Јас имав една мала рана на нога која во еден момент се инфицира и ме донесе во состојба на сепса и буквално 20 дена се бореа за мојата нога, но и за живототот. Тоа беше бактерија која направи хаос во мене и на ногата, јас после породувањето бев многу анемична, мојот организам не можеше да се избори со нив.

„На крајот завршив со пет операции во рок од 20 дена. Успеаа да ми ја спасат ногата, нормално сега може да се насмеам на таа тема. Вакви мали работи може да направат сериозен проблем, а од тој агол мислев дека нема излез. Размислував на тоа дали воопшто ќе имам нога, а сега имам само 27 сантиметри лузна на ногата“ – рекла пејачката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.