„Чистев базени во Германија и пакував бонбони“: Жика Јакшиќ откри со што се занимавал во минатото! (ФОТО)

Од работа нема срам!

Денеска тој е еден од најуспешните луѓе во шоубизнисот, но некогаш Жика Јакшиќ работел разни работи за да заработи пари.

За неговиот живот пред „Гранд“ малку се знае, а сега открил дека тој се снаоѓал за да дојде до пари.

„Не се срамев да работам било каква работа во младоста. Кога заминав во Германија, положив за спасуваш, но поради непознавање на јазикот прво чистев трева околу базенот и помагав. Не ми одеше германскиот и земав книга и едно три месеци секој ден го учев јазикот додека не прозборам. Паралелно работев со мојот бенд и четири години како спасувач на базен. Мене во 1993 година сопругата ми беше бремена, а тогаш не се свиреше, па што да правам, морам да заработам пари. Тогаш јас и Ќира работевме во фабрика за бомбони“ – започнал Жика и додал:

„Патувавме секој ден по 60 километри во Германија до фабриката и таму пакувавме бомбони во кеса. Рацете ми беа пропаднати, со рани од картоните, бидејќи по цел ден само пакуваш бомбони. Не беше лесно да се заработат пари во странство, затоа се снаоѓав“ – истаканл Јакшиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zika Jaksic (@zika.jaksic)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.