Подобрете го вашето здравје на природен начин со помош на советите на ајурведскиот доктор Абдул Азеез Кареем од Индија

Постојат неколку различни методи кои ги користи ајурведската медицина

Ајурведата е првата медицина во светот која потекнува од Индија, стара повеќе од 5000 години. Ајурведата не е само едноставен систем за нега на здравје, туку претставува и форма на животен стил за одржување на совршен баланс и хармонија во човековото тело. Секој од нас наследува уникатен микс од трите доши, „вата“, „пита“ и „кафа“, меѓутоа една доша е обично поизразена од другите. Се верува дека здравствените проблеми и болестите се поврзани со дисбалансот на нашите доши.

Пулсна дијагностика или “Нади Парихша” претставува древна ајурведска техника која се користи за воспоставување на дијагноза преку пулсот на личноста. Оваа техника ја практикуваат ајурведските доктори со цел точно дијагностицирање на физичката, менталната и емоционалната нерамнотежа во телото. Со рано дијагностицирање на нерамнотежата и болестите, се преземаат чекори за враќање на рамнотежата и превенирање на болеста.

Ајурведата ја гледа личноста целосно, ум-тело-дух. Ја разгледува основната причина, процесот на разболувањето, како и останатите фактори кои довеле до моменталната здравствена состојба, наместо пристапот на симптоматски третман на болеста. Во Ајурведата голем акцент се става на унапредувањето на целокупното здравје, превенцијата од хронични болести и во третманот на болести кога конвенционалниот медицински систем нема решение.

Постојат неколку различни методи кои ги користи ајурведската медицина:

1. Хербални производи (лековите билки)

Клучна компонента на Ајурведата се хербалните  производи кои се користат во различни комбинации, во зависност од нашата доша. Во Планет Ајурведа можете да ги најдете најдобрите хербални производи на нашиот пазар, кои претставуваат 100 % природни екстракти од  билки.

2. Јога

Практикувањето јога може да го подобри расположението, ја намали хроничната болка и анксиозност, да ја подобри циркулацијата на крвта, како и варењето на храната.

3. Медитација

Медитацијата може да ја намали анксиозноста, да го зголеми фокусот, да помогне при управувањето со стресот и да го подобри квалитетот на сонот. Исто така, може да помогне во намалување на симптомите на хроничната болка, карцином, депресија, како и синдромот на нервозно дебело црево.

4. Ајурведската диета

Ајурведските доктори советуваат внесување на свежа, домашно подготвена храна наместо термички обработени производи. Исто така, Ајурведата  препорачува за подобро варење, храната да се консумира кога сме смирени, наместо кога сме под стрес или нервозни.

Искористете ја оваа ретка можност да се сретнете со искусниот ајурведски експерт и доктор по медицина Д-р Абдул Азеез Кареем, кој е еден од најдобрите специјалисти и соработници на д-р Викрам Чаухан. Д-р. Абдул Азеез Кареем дипломирал ајурведска медицина и хирургија (BAMS) на Универзитетот во RGUHS Bapuji и поседува експертиза за лекување на широк спектар на заболувања со ајурведски производи како и клинички третмани. Присуствувал на различни истражувачки работилници во болницата и истражувачки центар Котурешвара, Шивамога, на одделот за педијатрија и гинекологија. Работел во болницата Maxx Super Specialty, Souparnika Ayurvedalaya и Yogis Ayurveda. Веќе неколку години работи заедно со д-р Викрам Чаухан во Планет Ајурведа – Индија, ајурведски центар со природен пристап за заштита на здравјето, спречување и лекување на разни болести.

Закажете консултација со д-р Абдул Азеез Кареем од 15 до 22 февруари 2024 година во просторите на Планет Ајурведа во Скопје и подобрете го вашето здравје на природен начин.

Употребата на ајурведските производи без професионален совет може да не доведе до посакуваните резултати. Поради тоа, консултирањето со ајурведски лекар или консултант е од голема важност за да се одреди соодветната доза и начинот на користење врз основа на вашата здравствена состојба.

Важно: Информациите содржани во овој текст се исклучително информативни и не се замена за професионален медицински совет или третман. Секогаш побарајте совет од здравствен работник за сите прашања во врска со вашата здравствена состојба.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.