„Една од најубавите жени некогаш“: Жизел Бундшен стегната како прачка, воодушеви со формата на 43 години! (ФОТО)

Секоја чест!

Познатата манекенка Жизел Бундшен е фотографирана како излегува од теретаната во Мајами и доби многу комплименти за нејзината форма.

Пред извесен период изјави дека својата линија ја одржува со редовен тренинг и здрава исхрана. Меѓу другото, повеќе од 20 години практикува медитација секојдневно.

Со медитација можете да постигнете потполно ново ниво на мир и спокој. Потребни ви се само 20 минути. Дури и да имате густ распоред како мене, 20 минути од денот не е тешко да одвоите! – изјави таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Photos (@_photoss_3)

Поради овие нови фотографии, на социјалните мрежи доби позитивни коментари и од нејзините фанови.

Една од најубавите жени во светот” , „Секоја чест на истрајноста” , „Трудот секогаш се исплати”– се дел од коментарите.

Пред неколку месеци, нејзините фанови почнаа да шпекулираат дека е во врска со нејзиниот инструктор Хоаким Валентео. Наводно, двајцата неколку пати биле заедно на одмор во Коста Рика. Меѓутоа, Жизел во интервју за магазинот Vanity Fair ги демантира таквите наводи.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.