Дознајте тука: Како да се пријавите за „U&Z Influencer Awards 2022“ и кои се правилата!

Правилата се едноставни: треба да имате над 18 години и најмалку 2.000 следбеници на Инстаграм.

Испратете мејл на нашата имејл-адреса redakcija@ubavinaizdravje.mk, така што ќе ги оставите вашето име и презиме, телефонски број и линк до вашиот инстаграм-профил.

Означете ја и категоријата во која се пријавувате: Beauty, Travel, Fashion, Insta Man, Insta Parents, Food, Entertainment, Fitness, Lifestyle и Makeup.

Пријавувањето трае до 30 ноември, а прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите и статуетките ќе се одржи на свечена забава во декември.

Со учество, односно испраќање на потребните информации, учесниците на натпреварот ги прифаќаат овие правила и без дополнителни прашања и одобрување го овластуваат организаторот да ги собере и обработи наведените лични податоци заради спроведување на натпреварот и на сопствените маркетинг-активности. Учесникот може во секое време да побара да се одјави за да не добие такви известувања.

„Колор медиа плус“ ќе ги преземе сите разумни неопходни мерки за да осигури дека личните податоци на учесниците се обработуваат и користат на безбеден начин и во согласност со законот.

Не пропуштајте ја шансата! Ги очекуваме вашите пријави и предлози до 30 ноември 2022 на redakcija@ubavinaizdravje.mk!

Погледнете како беше на последниот избор за „U&Z Influencer Awards 2021“

Вечер за паметење: Еве кој освои статуетка на U&Z Influencer Awards 2021 (ФОТО)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.