Цеца: „Не паметам од кога го немам видено Жељко, ќе заборави како изгледам“ (ФОТО)

Баба Цеца!

Пејачката Цеца Ражнатовиќ открила дека поради секојдневните обврски највеќе трпи нејзиното семејство.

Покрај обврските со кандидатите од „Ѕвездите на Гранд“, Цеца е посветена и на своите концерти и настапи.

Таа е пребукирана со обврски, а како што открила во емисијата „Цеца Шоу“, таа не се сеќава кога последен пат го видела внукот Жељко.

„Жељко го немам видено не паметам од кога, детето ќе тргне во училиште, ќе заборави како изгледам. Немам време, немам кога. Снимав „Ѕвездите на Гранд“, имав концерти, на пат сум нон-стоп“ – открила Цеца и додала:

„Одам на снимање, па потоа на концерти. Кога имам многу обврски, највеќе трпи моето семејство и пријателите, а и јас, бидејќи ми недостигаат“ – истакнала пејачката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.