„Ем-Си“ Стојан бара девојки на „Тиндер“: Неговиот личен опис го коментираат сите! (ФОТО)

Полесно му е така...

Раперот Марко Стојковиќ, познат како MC Stojan, неретко истакнува дека кариерата повеќе го интерира од емотивниот живот, па поради тоа нема време за бркање девојки, но неговиот профил на Тиндер зборува нешто друго.

Имено, познатите личности најчесто оставаат впечаток дека баш се им оди глатко. Можеби некои работи им се подостапни, но кога е во прашање пронаоѓање сродна душа и тие имаат мака со бројните предизвици, па така MC Stojan одлучил преку оваа апликација да ја пронајде својата сродна душа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MC STOJAN (@mc_stojan)

MC Stojan не зборува многу за својата интима, па поради тоа неговиот љубовен живот е тајна. Повеќе пати во минатото истакнуваше дека е окупиран со кариерата, дека емотивниот живот му е во втор план.

Во описот на профилот напишал дека е пејач и продуцент кој живее на релација Белград – Минхен, а со една реченица го опишал својот став кон жените.

„Жената како сенка: ако трчаш по неа ќе се потргне, ако трчаш пред неа, ќе трча со тебе“ – напишал пејачот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.