Чини вртоглави 2 милиони долари: Запознајте го најскапото куче на светот!
Величествениот златен мастиф
Ова куче е симбол на престиж и резервирано е исклучиво за оние со многу длабок џеб
Златниот тибетски мастиф е симбол на престиж и важи за најскапото куче на светот, а цената му достигнува и два милиони долари. Рекордот за најскапо продадено куче на сите времиња го држи токму тибетскиот мастиф. Пред неколку години, кутре од расата златен тибетски мастиф било продадено за неверојатни 1,9 милиони долари.
Кутрето имало една година, имало висина од 80 см и тежело дури 90 кг, а го купил еден Кинез.
View this post on Instagram
Многумина се прашуваат во што е тајната и зошто оваа раса вреди толку. Имено, се покажало дека тибетскиот мастиф е исклучително посветен и лојален му е на сопственикот до смрт. Подготвен е да се соочи со сите ѕверови, а номадските племиња во Азија го користеле за лов и како чувар на овци од волци, леопарди, мечки… Денес тој е многу ретка ѕверка, па станал статусен симбол.
Првиот тибетски мастиф Сиринг стигнал во Европа во 1847 година, како подарок за младата Викторија, англиската кралица. И Далај Лама му испратил две вакви кучиња на американскиот претседател Двајт Ајзенхауер, како подарок.
View this post on Instagram
Тибетскиот пес има исклучително јака вилица, кафеави очи со спуштени капаци, уши со срцевиден облик и многу силен граден кош. Одлично поднесува студ, му годи дресура и не е познато дека може да се разболи од некоја болест. Единствен е и по тоа што женката може да се пари само еднаш годишно. Живее околу 15 години.
View this post on Instagram
На ова куче му е неопходна дресура и сопственик со цврст карактер, бидејќи е исклучително тврдоглаво.
View this post on Instagram
А зад него, на листата на најскапи кучиња се германскиот овчар, кавалиерот шпаниел крал Чарлс, персискиот загар. Зад нив следат англиски булдог, самојад, акита, чау-чау, ротвајлер и египетско фараонско куче.