Мало куче со лавовско срце: Ова е најслаткиот и најмилиот домашен миленик на светот!

Домашни миленици

Многу интелигентно куче кое обожава деца

Ако барате куче кое е секогаш расположено за игра, темпераментно, интелигентно и обожава деца, расата ши цу е токму за вас!

Името го добило по кинеската кралица Цу Хис, а бил нарекуван кралски пес.  Неговото име преведено на македонски значи лавовско куче. Легендата вели дека Буда секогаш имал со себе мало куче ши-цу, кое кога било потребно можел да се преобрази во познатиот Лајмански лав.

Ши-цу потекнува од Тибет од 17 век, но се развиле и најмногу се одгледувале во Кина, каде што станале ценети кралски кучиња. Познатата династија на владетели Минг исклучително ја ценела оваа раса и вложувала во неа. Кон средината на 19 век, оваа раса се проширила и на други краишта во светот.

Изглед

Просечната висина на ова куче е околу 26 см, а може да живее во просек од 11 и 14 години. Поради специфичниот изглед и долгото влакно, станал омилено куче на многумина. Може да биде во речиси сите бои.

Карактеристики

Оваа раса е исклучително дружељубива и мила. Многу се разиграни и обожаваат деца, но и друштво на други кучиња. Лесно прифаќаат непознати луѓе, па се сметаат за лоши чувари.

Иако се мали, многу се храбри и не се плашат ни од поголеми кучиња, а често умеат да бидат и своеглави. Сакаат да бидат во центарот на вниманието, па ќе мора да издвоите многу време за да си играте со нив. Ши-цу никако не сакаат да бидат сами.

Исто така, знаат да бидат и љубоморни, ако почувствуваат дека им се подарува внимание на други, а не ним. Не се агресивни кон луѓето, додека кон други животни знаат да покажат знаци на агресија ако почувствуваат дека се загрозени.

Многу се активни и бараат постојана физичка активност, но се исклучиво домашни кучиња.

Одржување на влакното

Влакната им паѓаат, па затоа не се погодни за луѓе кои се склони на алергии. Бараат постојано четкање и потстрижување барем еднаш во 2 месеца.

Една од најстарите, најголемите и најскапите раси: Запознајте го кучето вредно 2 милиони долари!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.