Да не сте и во кожа: Џенифер Анистон кажа со што се бори 30 години!

Се почесто луѓе го имаат овој проблем...

Ѕвездата на „Пријатели“ откри дека со децении страда од проблеми со спиењето, а грижата дека не може да спие често и создава огромен стрес во текот на ноќта.

„Се плашам да поминам уште една ноќ броејќи ги пукнатините на ѕидовите. Со проблемот со несоницата се соочив во моите 30-ти, па дури и порано, но кога сме помлади едноставно не ги забележуваме последиците од недостатокот на сон и се чувствуваме непобедливо“, изјави Анистон во интервју за магазинот People.

„ЈАС ГО ПРИФАТИВ ПРОБЛЕМОТ СО НЕСОНИЦАТА, А ПОТОА ОДЕДНАШ ПОЧНУВАТЕ ДА ГИ СФАЌАТЕ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД НЕДОСТАТОКОТ НА СОН И КАКО ТОА ВЛИЈАЕ НА ВАШИОТ ДЕН, НА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ВАШИОТ УМ И НА ФИЗИЧКИОТ ИЗГЛЕД“, РЕЧЕ ТАА ДОДАВАЈЌИ ДЕКА ВО МИНАТОТО ЧЕСТО И СЕ СЛУЧУВАЛО ДА ОДИ ВО СОН.

Колку повеќе се грижев за тоа, толку потешко ми беше да заспијам. Порано знаев да одам во сон, а од таква состојба ме будеа домашните аларми. Тоа стана нешто со кое навистина се борев“, актерката откри дека поради нејзиниот проблем решила да побара лекарска помош.

„Порано сонот беше последното нешто на мојата листа, но поради тоа не можете целосно да се придржувате до трите столба на здравјето – исхрана, вежбање и спиење. Не можете да вежбате и да јадете правилно ако не сте спиеле добро, бидејќи во тој случај телесниот часовник воопшто не функционира“, тврди Џенифер Анистон.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.