Страдате од ОКОСКУВАЊЕ? Можат да ви помогнат „невидливите бранови“

Инфрацрвените зраци продираат во човечкото тело многу длабоко, до 10 см, поради што имаат силно лековито влијание и благотворно дејство и на коските, па затоа се препорачуваат при окоскување.

Треба да се каже дека инфрацрвените зраци имаат многу предности! Под нивно дејство, физичко-хемиските реакции во човечкото тело се забрзани, а се стимулираат процесите на репарација и регенерација на ткивата.

Покрај тоа, инфрацрвеното зрачење помага за отстранување на психоемоционалната и мускулната напнатост. При греењето со инфрацрвена топлина, крвните садови и капиларите се шират и се подобрува циркулацијата на крвта, што доведува до подобрување на состојбата на многу внатрешни органи.

Бидејќи ова греење е многу длабоко, доаѓа до интензивно исфрлање на токсините и отпадните материи преку потење. Во исто време, се зголемува отпорноста на телото на болести и имунолошкиот систем станува посилен.

Исто така, забележан е и дезинфекцискиот ефект, бидејќи инфрацрвените зраци уништуваат цела низа бактерии во организмот и го неутрализираат влијанието на некои штетни супстанции.

Покрај горенаведеното, инфрацрвеното зрачење има силно антиинфламаторно и аналгетско дејство.

Текст: Руски доктор

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.