Сања Вучиќ за хејтерите: „Апсолутно ги игнорирам тие критики“

Па така и треба...

Сања Вучиќ важи за пејачка која знае да ги пее сите музички жанрови, а сега откри дали е тешко да се одолее на туѓото влијание, и да се пишуваат песни како што навистина сака авторот.

„Намерно пишував за себе и кога соработував со луѓето со кои работев на албумот, најмногу се трудев да го таргетирам мојот сензибилитет и да го таргетирам она што првенствено мене ми се допаѓа. Сакав да ги прифатам сите оние комерцијални жанрови со кои имав можност да се сретнам и да им покажам на луѓето дека сум способна да го направам тоа. Се разбира, се обидов и пресметав дека тоа всушност ќе биде нешто што е во комерцијален дух но и нешто што може да биде просперитетно. Се погрижив, пред се, да ми се допаѓа тоа што го работам и да стојам зад она што го работам.“

Сања не крие дека често била критикувана и осудувана кога преминувала од еден во друг жанр.

„Се случувало доста пати, откако преминувам од еден во друг „табор“, условно кажано, да наидам на критики и осуди. Јас навистина не се откажувам од ниту еден жанр што некогаш сум имала можност да го пробам и што сум го практикувала, сум седнала и сум го вежбала многу, се обидов стилски да ги погодам украсите, трилерите и вибратото, едноставно начинот на пеење.“ – истакна таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.