Зуење во ушите: Еве на што ве предупредува организмот

Доколку зуењето е често, ве советуваме да посетите лекар за да го проверите вашето здравје.

Тинитус (зуење во ушите) е феномен кога чувствувате звукот без присуство на надворешен звучен стимул. Односно, човекот тогаш го слуша она што реално не постои.

Причините можат да бидат различни: може да има промени во крвните садови на главата и вратот, грчеви на мускулите на средното уво, болести на самото уво, повреди на главата или вратот, мултиплекс склероза, заразни болести, сифилис… Но и употребата на одредени лекови.

Освен тоа, тинитус се јавува кај лица со висок крвен притисок, како и кај луѓе со слаба циркулација.

Доколку се појави тинитус поради лошата циркулација во ушите, овие луѓе треба да го исфрлат кофеинот, цигарите, алкохолот и да го намалат внесот на сол од својот живот.

Понекогаш тинитус може да биде последица на насобраниот восок. Кога ќе се акумулира премногу, може да го иритира тапанчето и да предизвика зуење.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.