Фустанот што популарната манекенка го носеше на „Греми“ стана хит меѓу невестите (ФОТО)

Дали ви се допаѓа?

Бисерно-белиот фустан со суптилен А-крој потпишан од Сен Лоран лесно може да послужи како венчаница, па претпоставуваме дека овој модел ќе биде хит на сезоната пролет/лето.

Греми-наградите ќе бидат главна тема уште неколку дена, но, за жал, не толку поради музиката и самите награди, туку поради стајлинзите на познатите на црвениот тепих, како и нивното однесување – многу парови не можеа да се воздржат од јавните изливи на емоции, како Кортни Кардашијан и Тревис Баркер.

Друг пар кој ни го привлече вниманието – Хејли и Џастин Бибер исто така изгледаа екстремно заљубено, толку многу што не можеа да се одвојат еден од друг. Но, кога би го игнорирале тој момент, би забележале дека изданието на Хејли на црвениот тепих е сон на секоја невеста заљубена во минимализмот!

Елегантниот фустан Хејли го надополни со дискретен накит, природна шминка и коса едноставно исплетена во плетенка, со што ни понуди невестински изглед кој целосно можеме да го преземеме. Што се однесува до нас – 10/10!

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.