Толку висока цена што ќе ви се заврти во глава: Вака изгледа најскапата венчаница во светот!
Раскош и гламур
Само неколку луѓе во светот можат да си го дозволат овој фустан
Со прескапа венчаница збогатена со кристали, египетскиот дизајнер ја затворил модната ревија.
Дизјнаерот Хани Ел Бехаири ја креирал најскапата венчаница на светот, која вреди вртоглави 15 милиони долари, а ја носела познатата египетска актерка Маи Омар.
https://www.instagram.com/p/B6gTx7SB8wT/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading
Фустанот е украсен со кристал и има вел долг неколку метри украсен со ѕвездички. Предниот дел е пократок така што ги открива нозете, додека одзади фустанот се протега го подот. Идеален модел за дамите што обожаваат гламур и раскош.
https://www.instagram.com/p/B6cA6YlpRTF/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading
Овој дизајнер е познат по екстравагантните парчиња, но со овој фустан се надминал себеси. На сметка на креацијата пристигнувале само позитивни коментари.
Дали би го кажале судбоносното „да“ во ваков фустан?