Оживување на стариот секс-тренд: Дали сте слушнале за „ванила“?

Според порталот Pure Wow, овој тип сексуален однос одреден период бил запоставен на сметка на „пооткачениот“ секс, кој на луѓето им стана особено интересен по објавувањето на книгата и филмот „Fifty Shades of Grey“.

Се чини дека на паровите им здодеа да експериментираат, бидејќи, како што тврди порталот, сè повеќе од нив се враќаат на класичната мисионерска поза и едноставните начини на достигнување задоволство и точка на кулминација.

Така, доколку немате фиока полна со секс-играчки, вашиот сексуален живот може да се карактеризира како „ванила“.

Некои луѓе, поборници на перверзен секс, го сметаат ванила сексот за здодевен и монотон, но сигурноста што ја дава, како и отсуството на можни изненадувања, сè уште се сметаат за најпопуларни вредности при водењето љубов.

Секс-терапевтката Росара Ториси смета дека ванила-сексот има „лоша репутација“ бидејќи „перверзниот секс“ станал поприфатлив во поп-културата.

Точно е дека на оние луѓе кои сакаат предизвици овој секс ќе им биде здодевен. Сето тоа е субјективно. Ако некој вели дека ванила сексот е лош, тоа е затоа што не му одговара на неговиот карактер. Ако не ви причинува задоволство, зошто да продолжите да го правите тоа?“, заклучува таа Ториси.

Без разлика дали ќе се одлучите за „откачен“ или за ванила-секс или нешто измеѓу, Ториси нагласува дека најважно е да препознаете што сакате и за тоа да комуницирате со партнерот.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.