Вечерва мора да го проветрите домот поради коронавирусот: Научниците дошле до ново сознание!

Важен совет

Фото: Илустрација

Едно од најважните правила е просторот секојдневно да биде освежен со нов воздух

Група научници од Универзитетот Јејл, Универзитетот во Цирих и од здравствениот институт „Хауард Хаџес“ ги објавиле резултатите од истражувањето за превенција на ширење респираторни вируси, меѓу кои е и вируост САРС-КоВ-2.

Статијата се потпира на резултатите од претходно објавени истражувања на животински модели, но и на резултатите од клинички истражувања кои нагласуваат дека релативната влажност на воздухот од 50% е оптимална за функционирање на дишниот систем кај луѓето, но и за заштита од вирусни инфекции.

Едно од најважните правила е просторот секојдневно да биде освежен со нов воздух со проветрување.

Покрај чистењето на просторот, обувките и облеката исто така треба задолжително да се дезинфицираат.

Експертите препорачуваат растворено средство на база на хлор и вода во шише со распрскувач. Кога ќе се вратите од надвор испрскајте ги ѓоновите на чевлите пред да влезете дома.

Јакните во кои излегувате надвор, чувајте ги исклучива на балкон и по потреба, испрскајте ги со алкохол. Останата облека перете ја во машина како и вообичаено.

Кога станува збор за средствата за дезинфекција на простор, Светската здравствена организација на официјалниот веб-сајт реагирала со цел да ги побие заблудите за дезинфекција на просторот и личната хигиена за време на коронавирус.

Имено, СЗО истакнала дека хлорот и алкохолот можат исклучиво да се користат за чистење површини, но тоа треба да се прави само со соодветна препорака, односно во препорачаната количина. СЗО реагирала и поради прашањата и советите дали алкохолот и хлорот може да се прскаат по телото.

„Нанесувањето алкохол и хлор на телото нема да го убие вирусот кој веќе го нападнал систем. Воедно, оваа постапка може да биде многу опасна за кожата и слузокожата“, пишува на веб-сајтот на Светската здравствена организација.

Научниците веруваат: Ова е најризичното место во домот за пренесување коронавирус!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.