Оваа група луѓе треба да бидат во самоизолација 12 недели: Тоа ќе им го сочува животот!

Чувајте го вашето здравје!

Сите контакти треба да се одржуваат преку телефон, Интернет и социјалните мрежи, а намирниците и други потребни работи треба да им се оставаат пред врата на овие лица

Коронавирусот е многу опасен за луѓето кои веќе имаат некој здравствен проблем.

Веќе е познато дека повеќето здрави и млади луѓе заразени со КОВИД-19 имаат само благи симптоми, а дека постоарите и оние со оштетено здравје, може да имаат тешки проблеми и потреба од интензивна нега.

Сите мора да бидат заштитено, но за екстремно чувствителната група на пациенти, британските здравствени власти, пропишуваат екстремни мерки за заштита.

Тие подразбираат потполно затворање дома најмалку 12 недели, за време на кои луѓето не треба да излегуваат ни до продавница, ни на прошетка, ниту да прима или да оди во посета на роднини и пријатели.

Сите контакти треба да се одржуваат преку телефон, Интернет и социјалните мрежи, а намирниците и другите потребни работи треба да им се оставаат пред врата на овие лица.

Кој спаѓа во екстремно чувствителната група на КОВИД-19?

1. Сите трудници кои имаат некоја срцева болест, без разлика дали таа е вродена или стекната.

2. Сите што имаат карцином и се лекуваат со хемотерапија или имаат радикална радиотерапија на карцином на бели дробови, пациенти заболени од леукемија, лимфома или миелома и без оглед на фазата од лекувањето во која се наоѓаат моментално, оние што примаат имунотерапија или некоја друга константна терапија за антитела за карцином, и сите кои примаат некоја друга терапија за карцином која влијае врз имунолошкиот систем.

3. Сите што имале трансплантација на матичните клетки или коскената срцевина во последните 6 месеци или се’ уште земаат лекови за имуносупресија.

4. Сите што имаат сериозно заболување на дишните органи, како што се тешка астма, тешки хорнично-опструктивни болести на белите дробови или цистична фиброза.

5. Сите со ретки болести или вродени нарушувања на метаболизмот, кои значително го зголемуваат ризикот од инфекција.

6. Сите што земаат имуносупресивна терапија.

Британските лекари напоменуваат дека одлуката за екстремна заштита е потполно лична одлука и дека секој пациент треба да ја донесе самостојно во согласност со упатствата од својот доктор.

Вечерва мора да го проветрите домот поради коронавирусот: Научниците дошле до ново сознание!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.