Ублажете ја… ПАРКИНСОНОВАТА БОЛЕСТ

Болно прашање

Одговара В.Н. Вишњев, лекар и фитотерапевт.

„Мојот маж се разболе, во прашање е Паркинсонова болест. Има 69 години, никогаш ниту пиел ниту пушел. Причината е голем стрес. Ве молам да ме посоветувате на кој начин да му ја ублажам оваа страшна болест. Многу ќе ви бидам благодарна“, пишува Даниела, Гевгелија.

Покрај лековите, на вашиот маж треба да му давате лековити билки што ќе ги намалат вкочанетоста на мускулите и нивното грчење, треморот или тресењето. Треба да користи нане во облик на чај или тинктура, маточина во облик на одвар или обичен чај, зимзеленика (лат. Vinca), ѓаволска уста (лат. Leonurus), корен од валеријана во облик на чај или тинктура, како и божур, цијаноза сина (лат. Polemonium), хмељ, кантарион итн. Редовно нека пие чај од нане и маточина.

1 Алкохолните капки од зимзеленика се приготвуваат на следниот начин: 100 г иситнета исушена билка прелејте со литар 70-процентен алкохол. Држете го 20 дена на темно место, на собна температура. Се пие по 10-20 капки тинктура наутро и преку ден, а потоа и навечер со третина чаша вода независно од јадењето. Курата трае четири-пет месеци, па и подолго.

>Капките од зимзеленика позитивно влијаат на работата на мозокот, ја подобруваат мозочната циркулација и микроциркулација и спречуваат напредување на Паркинсоновата болест.

2 Во втората половина од денот и навечер неопходно е да се приготви чај или одвар од смирувачки лековити билки, на пример чај од ѓаволска уста, одвар од корен од цијаноза сина, корен од божур или корен од бајкалско капче.

* Од корењата приготвувајте вакви одвари: лажица иситнет корен прелејте со половина литар воде и варете половина час на тивок оган, поклопено. Оставете да отстои еден час. Се пие по половина шолја попладне, навечер и пред спиење, независно од јадењето. Курата трае два-три, па и повеќе месеци.

* Од ѓаволска уста направете чај: лажица иситнета суровина прелејте со половина литар вода. Варете го 20 минути на тивок оган поклопено. Оставете да отстои 40 минути. Се пие по половина шолја попладне, навечер и пред спиење, независно од јадењето. Курата трае два-три, па и повеќе месеци.

* Од ѓаволска уста можете да направите и тинктура: 100 г иситнета суровина прелејте со литар 45-процентен алкохол. Држете ја 20 дена на темно место, на собна температура. Се пијат по 10–20 капки попладне, навечер и пред спиење, со третина чаша вода, независно од јадењето. Курата трае месец-два, може и подолго.

>Овие билки имаат смирувачко дејство, го нормализираат сонот и ја подобруваат мозочната циркулација, што исто така спречува напредување на болеста.

3 Исто така можете да приготвите билен чај од следниот состав: 50 г зимзеленика, 20 г нане, 40 г корен од диоскореја (лат. Discorea), 30 г корен бајкалско капче, 50 г иван-чај, 20 г кантарион, 100 г исландски лишај – сето тоа помешајте го. Една лажица од мешавината прелејте со половина литар вода. Варете го на тивок оган поклопено, па оставете го да отстои 40 минути. Се пие по половина шолја четири пати на ден, независно од јадењето. Курата трае од четири до шест месеци.

4 Од лековитите билки што имаат позитивно влијание на функциите на мозокот можно е во домашни услови да се приготви тинктура за која ви е потребно: 100 г зимзеленика, 10 г маралов корен (лат. Leuzea carthamoides), 20 г маточина и 20 г корен од бајкалско капче – сето тоа помешајте го. Потоа 100 г од суровината прелејте со литар 60-процентен алкохол. Чувајте ја на темно место на собна температура 20 дена. Се пие по 10–20 капки два-три пати дневно со третина чаша вода, независно од јадење.

Со долга употреба на наведените и слични на нив лековити билки ќе се забави развојот на Паркинсоновата болест, која, за жал, е многу сериозна. Текот на болеста, пред сѐ, треба да го следи лекар специјалист, заклучува д-р Вишњев.

Совет-плус: билките како ѓаволска уста, божур или зимзеленика ќе ви помогнат да го забавите напредувањето на оваа прогресивна болест, да го запрете згрчувањето на мускулите и да го намалите тресењето.

Текст: Руски доктор

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.