Моќта на превриената вода: Како се приготвува и се користи?

Интересно и корисно

Денес сите знаат колку е важно да се пие вода. Имаме и информации за тоа колкаво количество е идеално за да бидете здрави. Но тогаш најчесто се зборува за свежа вода. Меѓутоа, доколку сте следбеник на ајурведа – најдобро е да ја превриете. Еве и зошто…

Оваа традиционална индиска наука за здравјето препорачува за пиење да се користи исклучиво превриена вода, која при варењето по зафатнината се намалила до четвртина. Се смета дека таа лекува дебелина, болести на мочниот меур и жолчката, го стимулира варењето, ги отстранува отоците и надуеноста и помага во случај на воспаление на белите дробови.

Ако ја оставите водата да се олади до собна температура, тогаш е најефикасна во случај на мачнина, вртоглавица, слабост, труење со храна и со алкохол.

Како се приготвува и се користи

Водата варете ја додека нејзината зафатнина се намали до четвртина од првобитното количество. Важно е садот да биде поклопен за водата да има што помалку контакт со воздухот. Оладете ја да биде жешка, но не врела. Пијте ја 30 минути пред појадокот – полека и во помали голтки. Ако се испие одеднаш, нема големо значење.

ПРАВИЛА

Постојат неколку правила за пиење вода во согласност со ајурведата:

* водата што е превриена два и повеќе пати се смета за отровна;

* не се препорачува врела вода да мешате со ладна или со свежа вода;

* превриената вода што стои повеќе од шест часа е штетна за организмот и предизвикува проблеми со цревата;

* не ладете ја превриената вода со прелевање од еден сад во друг, бидејќи таквата вода е исполнета со воздух и ги губи лековитите својства;

* водата испиена непосредно пред јадење го спречува варењето, па затоа се препорачува да пиете барем 30–40 минути пред оброк;

* од друга страна, пиењето мало количество вода во текот на јадењето ќе го забрза метаболизмот и ќе го подобри варењето;

* водата испиена по јадење предизвикува ферментација во цревата и насобирање вишок килограми. Се препорачува растојанието помеѓу јадењето и пиењето да биде барем два часа.

Советува: Татјана Владимировна, треварка

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.