Стручни совети: Што сака штитната жлезда?

За да работи штитната жлезда како часовник, подарете ѝ…

ТОПЛИНА И СОНЦЕ – Тие обезбедуваат витамин Д, кој му е многу потребен на вашиот организам. Исто така ја намалуваат потребата за одржување на телесната топлина, што значи и претераните оптоварувања на штитната жлезда.

МИР И ОПУШТАЊЕ – Гарантираат нормално ниво на кортизолот, па, според тоа, и претворање на хормонот Т4 во потребното количество Т3, а тоа е важно за превенција од развоја н хипотиреоза.

МОРЕ – Извор на јод и цинк (вода, воздух, риба, морски плодови и алги). Јодот е основа на синтезата на хормоните на штитната жлезда, а цинкот го помага тој процес. Морето и океанот исто така се извори на омега 3 масни киселини, главниот непријател на воспалената жлезда.

СВЕЖ ВОЗДУХ – Овозможува нормално дишење на ткивото на органите. Затоа контролирајте ја анемијата и вдишувајте повеќе свеж воздух. Во случај на хипотиреоза многу е чест дефицитот од железо или витамини Б12 и Б9.

МАНИФЕСТИРАНИ ЕМОЦИИПроблемите со штитната жлезда настануваат поради задржување на чувствата, бесот, внатрешното незадоволство, неоствареноста. Болеста го напаѓа оној што цело време се труди да биде силен, но, всушност, е многу ранлив и се обидува да ги скрие своите слабости. На крајот животната „батерија“ се потрошува. Да се насмевнуваме и мавтаме со стиснати заби – тоа е погрешна девиза.

И… ЛУК! – Селенот, со кој изобилува овој зеленчук, е потребен за подобра апсорпција на јод и железо. Исто така е корисен за создавање селенопротеини, кои јадрото на клетките го чуваат од мутации и оштетувања.

Советува: Дилјара Лебедева, ендокринолог

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.