Пандемија за која поретко се зборува

Оваа болест во рана фаза се препознава само кај три отсто од пациентите

Иако од срцева слабост боледуваат 60 милиони луѓе во светот, оваа болест во рана фаза се препознава само кај три отсто од пациентите. Затоа дијагнозата на срцевата слабост, кардиоваскуларна болест со најлоша прогноза, најчесто се поставува со големо задоцнување, беше предупредено на конференцијата по повод Светскиот ден на срцето.

Иако пандемијата на ковид-19 го пренасочи вниманието на епидемиолошките мерки, превенцијата и лекувањето на новата вирусна инфекција, кардиоваскуларните болести остануваат пандемија што трае. За подобрување на поразителната статистика и за успешно лекување на срцевата слабост од голема важност се рана дијагностика, достапност на современи терапии и практикување здрави животни навики.

Кои животни навики е потребно да се воведат за да го зачуваме здравјето на срцето? На прво место се здрава исхрана, физичка активност, оставање на цигарите и редовни годишни контроли.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.