Кејт Мидлтон подготвена да седне на британскиот трон?!

Се шушка...

Британските медиуми пренесуваат дека војвотката Кејт Мидлтон, според начинот на своето облекување, наговестува дека круната ќе заврши кај нејзиниот сопруг принцот Вилијам и дека таа преку изборот на својата гардероба се подготвува да стане кралица.

Модниот експерт Ентони Меграт за Express UK искоментирал дека според некои од нејзините последни модни изданија, може да се заклучи дека 38-годишната војвотка дава знак дека е подготвена да биде кралица, титула што ќе ја добие кога нејзиниот сопруг ќе стане новиот крал.

Кејт со својот избор на фустани и шарени парчиња остава впечаток дека сака да стане кралица. Во последно време може да се види како носи долги фустани и капути со минималистички крој. Во својот аутфит, таа внее и доза на сериозност“, вели модниот експерт.

За наследникот на британската кралица, која ќе се повлече од престолот за шест месеци, веќе се пишува со месеци, но во јавноста излегоа нови теории за тоа кој би можел да биде новиот крал на Велика Британија.

Повеќето сметаат дека 94-годишната кралица ќе ја замени нејзиниот 71-годишен син Чарлс, но постојат и такви кои сметаат дека на тоа место треба да дојде некој помлад, кој е поприфатлив за народот. Таков е принцот Вилијам.

Од палатата засега се немаат огласено официјално по повод крунисувањето на новиот крал, но во јавноста се смета дека Кејт Мидлтон на индиректен начин, наговести кој ќе го преземе престолот.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.