Ова се првите знаци дека опасна болест ги уништува вашите црева: Ако ги забележите овие симптоми, задолжително одете на лекар!

Совет на лекари

Внимателно слушајте што ви порачува телото

Кроновата болест е хронична инфламаторна болест на цревата. Наречена е по американскиот гастроентеролог Барил Б. Крон, кој во 1932 година го опишал ова, тогаш ново, нарушување. За неа сѐ уште не постои лек и се спроведуваат многубројни истражувања за подобро да се испита оваа болест и да се утврди причината за нејзината појава.

Кроновата болест на светско ниво се појавува во 0,1 до 16 случаи на 100.000 жители. Почесто се јавува во развиените земји во западна Европа и во Северна Америка, и има тенденција да расте последниве години.

Најчесто се појавува во тенкото и дебелото црево, но може да го зафати и целиот дигестивен тракт: од анусот до усната празнина.

Симптомите што ги предизвикува Кроновата болест не се исти: некои се поблаги, а некои потешки и можат значително да влијаат врз способноста за извршување на секојдневните обврски.

Постојат повеќе различни типови на Кронова болест, во зависност од тоа на кој дел од дигестивниот тракт влијаат:

Илеколитис – е најчестиот тип и дури 50% од луѓето што боледуваат од Кронова болест имаат илеколитис. Овој облик ги зафаќа и влијае врз долниот дел од тенкото црево и врз дебелото црево.

Илеитис – е вториот по ред најчест тип на оваа болест. Овој облик влијае само врз долниот дел од тенкото црево и околу 35% од заболените од Кронова болест го имаат овој тип.

Кронов грануломатозен колитис – влијае само врз дебелото црево. Овој тип на болест често го мешаат со улцерозен колитис, а разликата е во тоа што Кроновата во овој случај не влијае врз ректумот, а улцерозниот колитис влијае.

Гастродуоденална Кронова болест – е поредок облик на болеста и влијае врз стомакот и првиот дел на тенкото црево.

Јејуноилеитис – е исто така поредок облик на Кронова болест и влијае врз средниот и најдолгиот дел на тенкото црево.

Перианална болест – се појавува на надворешниот дел од аналниот отвор и се јавува кај околу 30% од пациентите што боледуваат од Кронова болест.

Фактори што влијаат на појавата на оваа болест:

Оваа болест еднакво се појавува како кај мажите така и кај жените. Точната причина за нејзината појава сѐ уште не е откриена, но постојат одредени фактори што влијаат врз нејзиниот развој…

  • Генетика – дури 20% од заболените од Кронова болест, во своето поблиску семејство имаат некој заболен од истата болест.
  • Опкружувањето и начинот на живот (стресот и исхраната)
  • Возраста на пациентот
  • Пушењето

Симптомите се бројни кога станува збор за оваа болест и во повеќето случаи се развиваат постепено, но најчесто се појавуваат овие:

  • Дијареја
  • Абдоминални грчеви
  • Крвава столица
  • Воспаление на слузницата на дебелото црево (како кај улцерозен колитис)
  • Покачена телесна температура
  • Губење свест
  • Губење апетит
  • Губење телесна тежина
  • Афти во устата
  • Чувство како цревата да не се доволно празни дури и по празнење
  • Честа потреба за празнење на цревата

Доколку имате некои од овие симптоми, тоа не значи автоматски дека имате Кронова болест, бидејќи овие симптоми може да се знак и на други здравствени состојби, но секако се препорачува да одите на лекарски преглед.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.