Коронавирусот освен белите дробови, ги напаѓа и овие органи: Наеднаш настанува трајна штета!

Експертите откриваат

Еднаш кога коронавирусот ќе влезе во телото, лесно може да ги нападне и другите органи, вели докторот

Од првите случаи на заболени од новиот коронавирус, лекарите во Кина знаеле дека тој првенствено ги напаѓа белите дробови. Сепак, сега се знае дека пациентите со тешки симптоми освен белите дробови, им се оштетуваат и бубрезите, срцето…

„Еднаш кога коронавирусот ќе влезе во телото, лесно може да нападне и други органи“, вели доктор Ерик Пенја, доктор во итната медицинска служба и директор на здравствен институт во Њујорк.

Така вирусните инфекции, на пример, можат да го нарушат дотокот на крвта во срцето, да предизвикаат неправилна работа на срцето, дури и застој, а еден од петмина пациенти развива оштетување на срцето како резултат на ковид-19 во Вухан, Кина, покажало едно мало истражување објавено на 27 март.

Ковид-19 може да ги нападне клетките на срцето и белите дробови, бидејќи се покриени со површински протеини. Кога ткивата во телото се оштетено, дали со инвазивен вирус како САРС-КоВ-2 или со друго средство, природниот одговор на организмот вклучува испуштање воспалителни молекули, како што се малите протеини наречени цитокини, во крвотокот.

Ензимот АЦЕ2 дејствува антивоспалително, спречувајќи ги имунолошките клетки да им нанесе поголема штета на сопствените клетки во телото. Кога вирусот ќе се сопре на АЦЕ2 протеините, тие протеини се исклучуваат од комисија, што ја намалува антивоспалителната заштита, која инаку ја даваат. На тој начин, вирусот може да дејствува двојно поштетно, оштетувајќи ги клетките директно и спречувајќи го телото да ги заштити ткивата од воспалителни оштетувања.

Накратко, проблемот е во тоа што коронавирусот предизвикува пресилен одговор на имунолошкиот систем, кој потоа освен заразените клетки напаѓа и здраво ткиво.

Оштетување на црниот дроб и откажување на бубрезите

Исто така, САРС-КоВ-2 може да изврши инвазија и на клетките на црниот дроб, а може да предизвика и откажување на бубрезите. Црниот дроб произведува ензим кој ги забрзува хемиските процеси во нашето тело. Во здрав организам, клетките на црниот дроб постојано изумираат и ослободуваат ензими во крвотокот. Проблемот настанува кога ензимите ќе го преплават крвотокот, што е зачестено кај пациентите заболени од САРС и МЕРС.

„Тогаш се гледаат многу покачени ензими на црниот дроб“, вели доктор Пенја.

„За среќа, црниот дроб има исклучителна способност за саморегенерација, и колку што е познато, вирусот не може трајно да го оштети. Иако некои оштетувања се резултат на директен напад на вирусот врз клетките, имунолошкиот систем е причинител на повеќето“, нагласува докторот.

Исто како и црниот дроб, бубрезите имаат задача да ја прочистуваат крвта. Додека крвта се филтрира низ бубрезите, клетките од нивниот канал можат да го заробат вирусот, што доведува до минливо или полесно оштетување, а ако вирусот ги пробие клетките и почне да се размножува, оштетувањето на каналите станува опасно по живот.

Сепак, цитокинската бура што ги оштетува органите во целото тело, вклучувајќи ги и срцето и црниот дроб, може да влијае и врз мозокот, па загубата на мирисот и вкусот неодамна се најдоа на листата на можни симптоми на ковид-19, што би можело да укажува на тоа дека коронавирусот може да го нападне нервниот систем и делот од мозокот одговорен за сетилото за мирис.

Не е сѐ така црно

Моментално не постои лек за насочено лекување коронавирус, но доктор Пенја вели дека не е сѐ толку црно и дека постојат луѓе што целосно оздравеле, додека црниот дроб и бубрезите ја сочувале способноста да се вратат во нормала.

„Во многу, многу тешки случаи, веројатно постои некоја трајна штета.

Па така, кај повеќето луѓе органите ќе заздрават, доколку ја прележите инфекцијата“, рекол докторот и додал дека луѓето со срцеви оштетувања најверојатно потполно ќе закрепнат, под претпоставката дека ќе преживеат.

„Ништо од ова не е особено изненадување. При нападите на многу вируси гледаме откажување на органите“, заклучил доктор Пенја.

Тој смета дека кога поединци ќе развијат имунитет на овој вирус, нападот на органите ќе биде поредок.

Експертите предупредуваат: Немаме докази дека луѓето кои се опоравиле од коронавирус се имуни

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.