Експертите предупредуваат: Немаме докази дека луѓето кои се опоравиле од коронавирус се имуни

Бидете внимателни

Нема докази дека луѓето кои се опоравиле од коронавирусот се имуни на Ковид-19, според Светската здравствена организација (СЗО / WHO).

Владата на Велика Британија набави 3,5 милиони серолошки тестови со кои се мери нивото на антитела во крвната плазма. Меѓутоа, епидемиолозите на СЗО предупредуваат дека нема докази дека ваквите тестови можат да покажат дека некој што е заразен не може повторно да се зарази. Многу од тестовите што се развиваат се слични на ХИВ-тестовите и ги мерат покачените нивоа на антитела што телото ги користи за борба против вирусот.

„Во моментов немаме докази дека употребата на серолошки тестови може да покаже дека едно лице има имунитет или е заштитено од повторна инфекција. Овие тестови на антитела можат да го мерат нивото на серопревалентност, тоа ниво на антитела, но тоа не значи дека некој со антитела е имун“, вели д-р Марија ван Керхове.

Нејзиниот колега д-р Мајкл Рајан поставува етички прашања во врска со тестовите за антитела.

„Постојат сериозни етички проблеми околу употребата на таков пристап и треба внимателно да се справиме со нив. Исто така, треба да се земе предвид должината на заштитата што може да ја дадат антителата. Можеби имаме некој кој верува дека е имун и всушност може да биде подложен на болест “, вели Рајан.

Прочитајте и: Предвидување на научници од Харвард: Еве уште колку ќе трае борбата со коронавирусот!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.