Колку често треба да се менува долната облека? Науката ја шокирала јавноста – „Не ги менувам додека не се скинат“

Полемика

Многу луѓе се во дилема за тоа колку често треба да се менува долната облека, а сериозно полемика се повела на социјалните мрежи, каде што луѓето ги изнеле своите искуства

Многу луѓе имаат омилена долна облека од која не се откажуваат и која ја носат со години. Меѓутоа, на социјалните мрежи започнала сериозна полемика околу тоа кога навистина треба да се купи долна облека и да се фрли старата.

Тара Шах на својот ТикТок профил отворила голема дискусија објавувајќи го податокот дека оптимално пожелно е да се носи истата долна облека 6 до 12 месеци и дека тоа е вистинскиот рок на траење на ова парче облека што го носиме секојдневно.

Имено, таа подолго време истражувала на Интернет и дошла до податокот дека според тврдењето на многу експерти, пожелно би било долната облека да биде стара најдолго една година.

„На факултет сум и имам парчиња долна облека од седмо одделение“, „Ги носам истите гаќички веќе пет години наназад“, „Мојот најстар пар е 16 години стар“, „Чекај, ова никој не ми го кажал. Јас ги чувам додека се скинат“, „Имам постара долна облека од сите тука што коментираат“, „Кој сè уште ги менува толку често?“, коментирале корисниците на оваа социјална мрежа.

Многу корисници коментирале дека не се сеќаваат кога последен пат купиле долна облека, односно дека со години ја носат старата, додека се искине.

Меѓутоа, некои експерти се осврнале на оваа констатација, па гинекологот Чавон Момон Нелсон за странските медиуми рекла дека „не постои правило според кое долната облека треба да се фрли по шест месеца“.

Таа истакнала дека единствениот важен услов е да се користи долна облека испрана во топла или врела вода за да се отстранат сите бактерии од неа. Исто така, смета дека сосема е прифатливо и добро да се носи нова, памучна и чиста долна облека, меѓутоа, не мора да ја фрлате старата освен ако не е уништена.

Сепак, се чини дека сите експерти не го делат истото мислење. Специјалистката за интимно здравје Ширин Лакани навела дека истражувањата сугерираат дека всушност треба да се носи истата долна облека најмногу една година, а оние што тренираат треба да ја менуваат и почесто.

„Перењето на долната облека во машина за перење алишта нема секогаш да го реши проблемот со бактериите како што е Ешерихија коли“, навела таа.

Царуваат бактерии и нечистотии: Овие грешки се причината за непријатната миризба од машината за перење
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.