Кардиолозите советуваат: Доколку почувствувате болка во градите, ова никако не смеете да го правите

Здравје

Болката во градите најчесто се толкува како сигурен знак за срцев удар, но овој знак може да укажува и на многу други болести и состојби.

Гледајќи по тоа дека кардиоваскуларните болести се најчести во целиот свет и секоја година огромен број на луѓе умираат од инфракт, не е чудно што на сите нас ни се палат лампите за аларм кога ќе почувствуваме болка во градите.

Рускиот кардиолог Олга Савонина открила што никако не треба да правиме кога ќе почувствуваме болка во пределот на срцето.

„Прво ако сте сред некои физички активности веднаш престанете. Друго, употребата на таблети на своја рака, поточно нитроглицерин, а без претходно советување со стручно лице, не само што може да биде бескорисно во овој случај, туку ќе го зголеми и ризикот од оштетување“, објасни таа.

Исто така, кардилогот не препорачува да го масирате болното место, ниту да ги „оладите“ градите, ниту да користите раствор од сода бикарбона, како ни ладна вода. Д-р Савонина нагласува да побарате и други симптоми на срцевиот удар, пред сами да си донесете дијагноза, знаците како што се чувство на стегање на градите, „трнење“ на рацете, вратот, вилицата, појава на болка при голем напор или брзо одење и негово повлекување во мирување.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.