Излегува цела вистина на виделина: Смртта на Дијана е изрежирана?

Шоубизнис

На британскиот канал 4 ќе се емитува нов документарец за загубата на принцезата Дијана koj ќе се занимава со темата „како некои моќни поединци, медиуми и интернетот направиле и ја зацврстиле теоријата на заговор која ги потврдува фактите и ја доведоа во прашање самата природа на вистината“ за нејзината смрт.

Ниту војводата од Кембриџ, ниту војводата од Сасекс не се консултирани за споделувањето на докуметнарецот, наведува изворот.

„Смрт во Париз“ ќе биде емитувана на крај на август, како би се поклопило со годишнината од смртта на Дијана во 1997 година, а серијата ќе ја испита теоријата на заговор за која продуцентoт кажува дека не се точни.

Документарецот за “прв пат ќе ја раскаже целосната приказна“ за истрагите на француските полицајци од групата Criminelle и Met полицијата за смртта на Дијана – вклучувајќи и интервјуа со детективите кои некои за прв пат зборуваа за своите искуства.

Ќе се согледа „незаситната потрага на јавноста за одговори“ и „колку се моќни некои поединци, медиумите и интернетот кои направиле и ја зацврстиле теоријата на заговор со што ги потврдува фактите и ја доведоа во прашање самата природа на вистината“.

Смртта на принцезата Дијана во сообраќајната несреќа 1997 година ја поттикна дебатата на светско ниво за тоа како и зошто умрела.

Хенри Сингер, извршниот продуцент на “Sandpaper Films”, изјави:

„Ова е навистина важна серија, не само затоа што се надеваме дека ќе ја застане теоријата на заговор со која продолжуваат да ја замаглат вистината за тоа што се случило во тунелот Алма (во Париз) таа ноќ, туку зашто таа приказна ни е прозорец во светот, каде теориите на заговор не живеат во мрачните агли на интернет, туку станаа „мејнстрим“ и всушност ги буткаат луѓето кои се на високи позиции со моќта“.

Во серијата, исто така, се слуша како детективите го бркаат секој чекор додека маневрирале помеѓу непознатите сведоци и погрешните сеќавања.

Шаминдер Нахал, уредник на Канал 4, додаде дека оваа последна убедлива серија детално истражува што се случило во истрагите по смртта на принцезата Дијана – како им било на детективите кои работеле на големата планетарна приказна која не била само трагедија за членовите на семејството, туку и огромен интернет феномен.

„На крајот, серијата поставува многу далбоки прашања за нас самите како друшство и природата на вистината“.

Шестмесечната истрага во 2007 година заклучи дека смртта на Дијана, нејзиниот партнер Додиј Ал Фајед и нејзиниот шофер Хенриј Пол е предизвикана како „несериозно возење“ и врз сите бројни теории на заговор кои кружат околу причината за трагичната смрт на принцезата, сите се дискредитирани.

Судот утврди дека принцезата Дијана и Доди настрадале поради „незаконското возење на мерцедесот од страна на нивниот возач, неговото пијанство, како што пишува “OK!”, а пренесува Курир.рс, како и фактите дека не биле врзани и начинот на кој ги следеле папараците“.

Принцовите Вилијам и Хари, кои за време на трагедијата имале 15 и 12 години, тогаш рекле дека се сложуваат со таа одлука на судот во соопштението објавено после пресудата која е напишана во кралската куќа.

Инаку, уште еден документарец кои го прикажува животот на Дијана ќе биде достапен на ТВ Скај од 14 август, а веќе предизвика контроверзии поради вклучувањето на снимките од нејзиното интервју за Панорама од 1995 година со Мартин Башик.

Војводата од Кембриџ претходно повика дека таа конкретна снимка од неговата мајка повеќе никогаш да не се прикажува, а Би-Би-Си вети дека нема да го емитува или ќе го линценцира.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.