Чоколада и карамела: Ова е единствениот колач кој го јаде Кејт Мидлтон

Рецепт

Кејт Мидлтон, многу води сметка за својот изглед, со што важи и за една од најзгодните јавни личности во светот. Сепак, иако според нејзе тоа не би се рекло, војвотката многу сака слатки, па Дарен Мекгрејд кој подготвувал јадење за покојната Лејди Ди, често подготвувал храна и за принцот Вилијам и неговата сопруга.

Како што откри, Кејт најмногу сака колач од чоколада и карамела кој сигурно и вие би сакале да го подготвите.

Состојки:

150гр свежи урми (мерете ги без семки)

1 лажица сода бикарбона

60гр путер

100гр црна чоколада (во ситни парчиња)

300мл вода

1 јајце

220гр брашно

1 ванилин шеќер

1 прашок за пециво

Крем:

300гр жолт шеќер

180 гр путер

100 гр црна чоколада

Шлаг по желба

Подготовка:

Прво измешајте ги сите состојки за кремот и стопете ги на врела рингла, мешајќи непрекинато. Нека клокоти на тивка температура некои пет минути, а потоа истурете чаша ипол. Остатокот сочувајте го. Сега измиксајте го путерот и шеќерот за колачот, така што ќе биде пенасто, додадете ги јајцата и ванилиниот шеќер. Ставете го брашното и прашокот за пециво, додадете ја вода со урмите и промешајте се.

Ландиот крем истурете го во мал плех кој може да биде во некој подлабок. Во преливот постепено со лажица вметнувајте ја мешавината за колачот. Покријте го плехот со алуминиумска фолија. Во длабокиот плех истурете вода и ставете ги двата во врела рерна – нека се пече колачот полека на некој час и половина, на температура од 150С степени.

Пред крајот на печењето, загрејте го и остатокот од преливот. Колачот се служи топол, а по желба можете да додадете и шлаг.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.