Како да го подобрите вашето здравје за само 60 секунди!

И покрај пребукираниот дневен распоред, за само една минута, можете да направите многу за вашето здравје!

Имате ли минута? Одлично! Имаме прекрасни вести за вас! Имено, и покрај фактот што повеќето од нас се толку преокупирани со обврски во текот на денот, можно е да се направи многу за нашето здравје за само 60 секунди. Еве за што станува збор.

Подобрете го вашето здравје за една минута: Трикови и совети 

  • Пијте чаша вода веднаш по будењето. Ова е одличен начин да го започнете денот, бидејќи водата ќе го разбуди вашето тело и ќе спречи дехидрираност во текот на денот.
  • Додадете семињана утринскиот оброк (смути, јогурт или каша). Богати се со протеини, а консумирањето протеини наутро го одржува нивото на шеќер во крвта во текот на денот, спречува напади на глад и промени во расположението.
  • Пред да консумирате јаглехидрати (леб, тестенини), посипете ги со малку маслиново масло или оцет. На овој начин, ќе го намалите гликемискиот индекс на оброкот и на тој начин ќе го балансирате нивото на шеќер во крвта.
  • Немате време да вежбате? Наутро, направете серија сквотови за една минута. Покрај зајакнувањето на мускулите, колената и коските, ќе бидете и поенергични.
  • Нанесете крем за сончање на лицето и заштитете ја кожата од штетно УВ зрачење.
  • Не заборавајте да ставите крема за сончање на помалку очигледните делови од телото – задниот дел на рацете, вратот и ушите. Ракот на кожата често се јавува на овие места.
  • Дишетедлабоко! Одвојте една минута наутро, седнете и заборавете на сите грижи. Дишете длабоко низ носот и издишете преку устата. Дишењето ни помага полесно да се смириме и да се бориме против стресот.
  • Додека седите на компјутер на работа, одвојте една минута за да го истегнетегрбот. Застанете исправено и турнете ги рамената назад и надолу. Држете пет секунди, а потоа турнете ги напред. Повторете 60 секунди.
  • Испитајте ги градите! Еднаш месечно, после туширање, застанете пред огледало и кренете ја раката. Почувствувајте ја областа околу градите и пазувите.

Прочитајте и: Олеснете ги менструалните болки без аналгетици

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.