Докторка покажала како изгледаат силикони ставени во гради во 1985 година: Имплантите пукнале, а глетката е морничава

Ужасно

Во описот на видеото докторката навела дека имплантите се 35 години стари, а кога пукнале, сите се згрозиле

Преку видео на ТикТок, докторката Никол, експерт за пластична хирургија, открила шокантно предупредување во врска со зголемувањето гради. На својот профил споделила видео што ги прикажува последиците од долгогодишно носење силиконски импланти стари 35 години. Видеото прикажува како силиконските импланти пукнале и протекле, правејќи ѝ сериозни проблеми на пациентката.

Никол има импресивен работен стаж во доменот на пластичната хирургија, па дури и неа ја шокирало ова откритие. Вадејќи ги силиконските импланти од градите на 65-годишна пациентка која ги вградила во далечната 1985 година, ги открила тешките последици што долгогодишното носење силикони  можело да ги предизвика.

Ова видео ја подигнало свеста за потенцијалните ризици од зголемувањето на градите и потсетило колку е важно да бидеме свесни за последиците од одлуките што го донесуваме во врска со пластичната хирургија. Никол се надева дека нејзиното видео ќе ги поттикне луѓето внимателно да размислат и да се информираат пред да се одлучат на вакви естетски зафати.

На ТикТок, докторката Кастелезе го споделила своето вознемирувачко откритие за состојбата на имплантите, кои калцифицирале внатре во пациентката, откако пукнале.

@withdrnicole Patient with 35+ year old implants. The capsule had hardened and calcified. A plastic surgeon in the 90s recommended she keep them. #implantrupture #capsularcontracture #explantsurgery #capsulectomiatotalenbloque #breastimplantilless #breastimplants ♬ Oh No – Kreepa

Нејзиното видео открива дека овие импланти станале тврди, кафени и комплетно поинакви од вообичаените проѕирни и мазни силиконски импланти.

Во описот на видеото, докторката навела дека овие импланти се стари цели 35 години. Видеото прикажува како леплива, силиконска супстанција истекува од пукнатите вреќички.

Додека ја опишувала состојбата на овие силиконски импланти, хирургот открила дека пациентката, која има 65 години, ги задржала овие импланти по препорака на друг медицински експерт, но додала и дека пациентката не добила најдобра медицинска помош.

Доктор Кастелезе се надева дека ова видео ќе ја поттикне јавноста да стане свесна за можните последици и да ја бара најдобрата медицинска нега кога станува збор за пластични хируршки зафати.

Ставила силикони во градите, но заборавила една важна работа: Мајката се шокирала кога ја видела ќерка си!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.