Ставила силикони во градите, но заборавила една важна работа: Мајката се шокирала кога ја видела ќерка си!

Непрепознатлива

Еве зошто една од најубавите спортистки се кае поради естетските операции

Јана Кудријачева е една од најубавите спортистки. По завршувањето на нејзината професионална кариера, таа одлучила да се фокусира на естетските промени на своето тело.

Во едно гостување во руска емисија, таа се присетила на моментот кога ги зголемила градите и на реакцијата на мајка ѝ по таа одлука. Како што открила, прво се одлучила за зголемување на градите, а потоа и за корекција на усните. Сега се кае поради одлуката да го коригира своето тело со хируршки интервенции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YANA KUDRYAVTSEVA (@kudryavtseva_y)

Нејзината приказна може да послужи како инспирација за многу млади девојки кои се чувствуваат несигурно во своето тело, бидејќи Јана Кудријачева сега сфаќа дека таа операција била грешка!

„Да, ги оперирав градите. Тоа се случи многу време пред да го запознам сопругот Дим, кога имав 18 години. Првиот ден по полнолетството. Кога ја завршив кариерата, веднаш отидов да ги зголемам. Сега, како што минува времето, сфаќам дека тоа воопшто не било потребно, но тогаш имав некаков комплекс и мислев дека тоа ќе ми го реши проблемот“, открила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YANA KUDRYAVTSEVA (@kudryavtseva_y)


Подоцна Јана сфатила дека тоа не е најважно, а не добила ни одобрување од страна на родителите.

„Тогаш живеев во Санкт Петербург, а мајка ми долета да ме види кратко по операцијата. Морав да носам посебен корсет, бев подгрбавена и таа го забележа тоа. ‘Што ти се случило?’, ме праша. Признав, а таа падна на колена и кажа: ‘Господе боже, зошто?’. Тешко го прифати тоа“, раскажала Јана.

Таа зборувала и за корекцијата на усните.

„Усните ги оперирав пред две години. Морав да ги коригирам. Добив многу негативни коментари поради тоа. Таква ми е дикцијата, говорот не ми е чист. Често се пишува дека усните ми се криви, но така е уште од детството. Нема врска со тоа што сум ги ‘пумпала’. Во зависност од расположението, усните ми се криват малку“, раскажала Јана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YANA KUDRYAVTSEVA (@kudryavtseva_y)


Потоа, повторно се вратила на градите и истакнала дека немала проблем да стане мајка поради интервенцијата.

„Тие операции се прават со посебна техника. Имплантите се ставаат под мускулите. Прво се информирав за сè. Уште на 15 години сонував за големо семејство, тоа ми беше исклучително важно. Беше напорно да се дои, не ги разбирав мајките кои велеа дека тоа е прекрасно“, истакнала Јана.

Кралица на силиконите: Лицето ѝ се распаѓа од операциите, а од природната убавина нема останато ни трага
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.