Кралица на силиконите: Лицето ѝ се распаѓа од операциите, а од природната убавина нема останато ни трага

Не планира да запре

Кејти Прајс имала премногу естетски операции, станала зависна од нив и не планира да престане

Поранешната манекенка Кејти Прајс се прослави со многуте естетски операции, па во јавноста стана позната како кралица на силиконите. Најмногу естетски зафати имала на градите, вкупно 16.

Имено, Кејти била видена на една клиника за естетска хирургија, а дошла со желба да ги зголеми градите, кои ги зголемувала и минатата година.

Извор за медиумите рекол:

„Кејти ќе добие масивни импланти од 2120 СС. Таа сака да има најголеми гради во земјата.“

Кејти низ годините има направено низа процедури, меѓу кои и ринопластика, затегнување на лицето, филери за усни и ботокс. Исходот од една од операциите не бил славен, па по погрешна редукција на градите ѝ се направила дупка низ која излегувал имплантот.

Минатата година имала уште една интервенција на градите и липосукција на целото тело. Ријалити ѕвездата во една пригода потврдила дека имала дури 24 зафати на градите.

Кејти буквално на секои неколку месеци легнува под нож, а отишла до таа мера што го променила личниот опис. Естетските зафати ја довеле Кејти до патологија, но и до огромни долгови, а од нејзината природна убавина нема останато ни трага.

Нема сомнеж дека бројните интервенции оставиле големи последици на нејзиното лице, но и тело, па денес воопшто не личи на убавицата каква што била порано.

Првиот зафат го направила на 19 години кога ги зголемила градите, а оттогаш нема застанато. Има направено бразилско подигнување на задникот, липосукција на стомакот, зголемување на усните и јаболчните коски, ботокс-третмани, фејс-лифтинг, а странските медиуми пренесуваат дека го оперирала и носот.

Во декември 2019 година, Кејти прогласила банкрот, успевајќи да потроши неверојатно богатство од 45 милиони фунти. Кејти моментално живее само од приходите на сопственото телевизиско шоу My Crazy Life и од рекламирање брендови на Инстаграм, но нејзините трошоци и стилот на живот го надминуваат тоа што го заработува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Price (@katieprice)

Наводно, нејзиниот последен сопруг Киран најмногу придонел за нејзиното уништување. Имено, кога го отплатила неговиот долг од кредитните картички, западнала во сериозни финансиски проблеми. Извори блиски на ријалити ѕведата истакнуваат дека таа неодамна сфатила дека вљубеноста во погрешни мажи без пари ја уништила.

„Не мора да сте гениј за да сфатите дека мажите се пропаст во мојот живот. Милион отсто. Сите мои драми, мојот банкрот – сето тоа е поради мажите. Секогаш се мажите во прашање. Тоа е тоа. Кога ќе видиш дека бившите ти се ситат, знаејќи дека ти си им платил за работите што ги имаат, тоа е најголемата мака за мене. Причината за мојот пад се мажите“, рекла Кејти во едно интервју.

Еве како изгледала порано:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.