Најпожелниот актер на денешницата се ожени со девојка родена во затвор: Сите нејзини проблеми прекуноќ станале негови

Дознајте повеќе

Актерот Адам Броди неодамна го прослави својот роденден, а ова е неговата животна приказна

Адам Броди го паметиме како тин-ѕвезда од серијата „Округот Оринџ“, која премиерата на своите први епизоди ја доживеа во 2003 година, а оттогаш многу работи се имаат променето за актерот.

Овој темнокос миленик беше еден од најпопуларните млади актери тогаш, а денес живее повлечено и славните денови дефинитивно се зад него. Иако сѐ уште се занимава со глума, повеќе не е толку популарен, а според неговите зборови, тоа и му одговара.

Имено, актерот неодамна го прослави својот 43. роденден, тој е пожртвуван семеен човек и одамна ја има пронајдено љубовта на својот живот. Неодамна имавме можност да го гледаме во филмовите Shazam! и Ready or Not, а сними и мини-серија StartUp. Во младоста Броди бил многу бунтовен и многу лош ученик. Едвај завршил средно училиште, а на 19 години се преселил во Холивуд за да го следи својот сон и да стане познат актер.

Имал голема среќа, бидејќи тоа му успеало уште во неговите рани 20-ти години. Првата запаметена улога му е таа во култната серија „Девојките Гилмор“, а потоа следеше и „Округот Оринџ“ каде што глумеше млад заводник, па веднаш ги освои срцата на гледачките ширум светот. Серијата се прикажуваше од 2003 до 2007 година, а до ден денес важи за една од најуспешните тин-серии на сите времиња.

Иако по него лудуваа многумина, на крајот Борди се ожени со друга тин-ѕвезда, актерката Лејтон Мистер. Во своите 20-ти години Лејтон стана позната по улогата на лошата, богата тинејџерка Блер Волдорф во популарната серија „Озборувачки“. Убавата Лејтон има многу интересна животна приказна, а Адам го запознала во 2010 година и нивната љубов веднаш пламнала.

Лејтон освен со врската со Адам, ја интригира јавноста и со своето тешко детство. Имено таа е родена во затвор, бидејќи нејзината мајка отслужувала казна поради дрога, а нормален живот ѝ овозможила баба ѝ, која ја пораснала. Иако успеала да се оттргне од проблематичната мајка и да изгради нов живот, во 2011 година таа ѝ предизвикала големи проблеми.

Актерката ѝ дала пари на мајка ѝ за лекувањето на нејзиниот помлад брат Александар, кој се бори со повеќе дијагнози. Но нејзината мајка ги потрошила парите на третмани за убавина, меѓу кои и ботокс и надградба на екстензии.

Актерката ја тужела, а потоа нејзината мајка одговорила на тоа со противтужба и тврдела дека го прекршила договорот и дека физички ја малтретирала. Раскажала дека ќерка ѝ ѝ ветила 10.000 долари месечно, но го намалила тој износ на само 7500 долари. Се жалела и дека ја жртвувала својата ќерка поради актерската кариера на ќерка ѝ кога се преселила во Лос Анџелес.

Изгледа дека Лејтон успеала да надмине сѐ благодарение на љубовта на Адам, а тие денес живеат повлечено во Калифорнија. Имаат и две деца.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.