Во месецот на женско здравје – ПРЕГЛЕДАЈ СЕ НАВРЕМЕ!

Октомври е месец на женското здравје, па темите што ги засегаат жените се многубројни, како од физички, така и од психички аспект.

Најголемиот страв доаѓа, секако, од можна појава на канцер на дојки или јајници. Но тука се и проблемите поврзани со сексуално-преносливите болести, хормоналниот дисбаланс, болестите на срцето или на тироидната жлезда, како и менталното здравје.

Во тој контекст, важно е секоја жена да одвои време за себе заради превенција и третман на евентуалните заболувања.

Во Центарот за женско здравје при клиничката болница „Жан Митрев“, во октомври имаат специјална понуда, која опфаќа персонализирани превентивни и дијагностички прегледи.

Така, при секоја направена 2Д или 3Д-мамографија, добивате бесплатно ехо на дојки и мерење на густината на коските.

На располагање се и дијабетолошки и ендокринолошки прегледи со анализа на тироидните хормони. А достапни се и најразлични гинеколошки пакет-прегледи, кои вклучуваат ПАП/ХПВ и други микробиолошки анализи во зависност од потребата.

За да дознаете повеќе и за да закажете термин кој ви одговара, јавете се на 02/30 91 484.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.