Најбогатиот човек на светот има 9 деца и држи строги родителски правила: Забрането им е мајка им да ја нарекуваат „мама“

Животот на познатите

Општо познато е дека Илон Маск е најбогатиот човек на светот, а освен за неговото богатство, често се зборува и за неговите строги родителски правила, кои секогаш ги практикува.

Основачот на „Тесла“ отсекогаш имал способност да успее во она што го работи, а какво и да е вашето мислење за него, едно е сигурно – тој е уникатен, а тоа важи и за неговиот родителски стил.

Маск е татко на девет деца: близнаците Грифин и Ксавиер (18) и тројките Каи, Саксон и Демијан (16) кои ги доби со поранешната сопруга Џастин, а, за жал, парот го загуби првиот син Невада Александар на возраст од само 10 недели во 2002 година.

Со својата поранешна девојка, Грајмс ги има синот Ks AE A-KSII, кој на 4 мај ќе наполни две години, и ќерката Екса Дарк Сидерел, која е родена во декември 2021 година, a во ноември 2021 година во тајност доби дете и со Шивон Зилис, главната директорка која ја води неговата компанија „Неуралинк“.

Сепак, да се биде дете на еден од најпознатите и најбогати луѓе во светот доаѓа со свои правила и очекувања, кои најмногу доаѓаат од самиот Маск.

Ова се деветте строги правила што ги следат децата на најбогатиот човек на светот:

Се очекува децата да бидат негови штитеници.

Иако Маск вели дека нема да инсистира на ништо додека да пораснат, Грајмс во 2022 година откри дека можеби го прекршил ова правило за нивниот син. Пејачката вели дека нејзиниот поранешен има големи очекувања од нивниот мал син, па веројатно можеме да очекуваме да видиме многу од него.

Додека Маск отсекогаш ги држел своите постари деца подалеку од центарот на вниманието, во последните години често се појавува со Екс.

Екс е токму таму, вели Грајмс за нејзиниот син.

Мислам дека (Илон) навистина го гледа како штитеник и го запознава со се’ и сешто… Екс е таму. Неговата ситуација е таква.

Илон верува во можноста неговите деца да се образуваат преку Интернет.

Погледот на Маск за образованието е многу неконвенционален. За време на едно интервју во живо минатата година, Маск рече дека верува оти неговите деца научиле повеќе од Интернет од кое било друго место.

Па, мојот став е дека моите деца главно се образуваат од Јутјуб и Редит. Претпоставувам дека нешто учат и на часовите, но судејќи по времето што го поминуваат на Интернет, мислам дека поголемиот дел од нивното образование всушност доаѓа од Интернет, изјавил Маск.

Извршниот директор беше отворен за своите критики за традиционалното образование во минатото.

Тој во записникот наведол дека колеџот е куп на „досадни домашни задачи, а познато е дека не бара од неговите вработени во „Тесла“ да имаат диплома.

Мислам дека, во основа, колеџите се за забава и за да докажете дека можете да ја завршите домашната задача, но тие не се за учење, изјавил Маск на Сателитската конференција во 2020 година.

На синот на Илон Маск не му е дозвоелено својата мајка да ја нарекува „мама“

Едногодишниот син на Маск и пејачката Грајмс, зачудувачки, не ја нарекува мајка си „мама“ или каква било варијација на тој збор. Наместо тоа, Екс ја нарекува Грајмс со нејзиното име, Клер.

Грајмс изнесе теорија дека нејзиниот син го прави тоа затоа што е толку интелигентен што може да го почувствува нејзиниот недостаток на желба да ја нарече мајка.

Не знам ни зошто имам одбивност кон тој збор, бидејќи го почитувам, но не, не можам да се поврзам со него. А тој како да ја чувствува мојата одбивност кон тоа да ме нарече ‘мама’, изјави Грајмс за „Вог“ во септември.

Тие треба да читаат почесто отколку што играат видеоигри

Детската љубов на Маск кон видеоигрите му помогнала да развие страст за програмирање, која му послужила одлично во неговата кариера. Секако, неговите деца го следеа неговиот пример и прераснаа во страстни играчи на видеоигри.

Иако, генерално, ги поддржува своите деца да се занимаваат со хобито што го сакаат, тој има едно многу строго правило за игрите.

Во интервју со Ешли Венс, мултимилијардерот рече дека децата треба да поминуваат двојно повеќе време во читање отколку во играње видеоигри.

Тој вели дека го прави ова за да ги спречи децата да станат премногу зависни од нивните екрани.

Илон Маск смета дека неговите деца треба да се соочат со тешкотиите за да станат успешни

Можеби е лесно да се заборави со оглед на неговиот статус сега, но Маск се соочил со многу предизвици во детството и раната зрелост.

Тој на 17-годишна возраст се преселил од својата родна земја Јужна Африка во Канада без никаква родителска поддршка. Бил изложен и на малтретирање на училиште до својата 15-та година.

Иако овие проблеми во тоа време биле тешки, тој верува дека му помогнале да го обликува успехот што го има денес. Како таков, тој верува дека и неговите деца мора да искусат некаква мака.

Имав ужасно воспитување, имав многу проблеми за време на растењето. Една работа што ме загрижува кога станува збор за моите деца е тоа што тие не се соочуваат со доволно проблеми, рече Маск на церемонијата на доделување наградите во 2011 година.

Децата на Маск многу се грижат за своето здравје

Се чини дека Маск поттикнува здрава исхрана, како и здрав ум во неговото домаќинство. Дадилката која некогаш се грижела за неговите тројки откри во видео на TikTok дека момчињата биле многу свесни за здравјето.

Сите отидовме на вечера во Whole Foods. Овие деца беа многу свесни за здравјето на толку млада возраст. Очекував Џони Рокетс или нешто слично, но тие беа како: ‘Не, ќе одиме во Whole Foods’.

Таа, исто така, ги опиша како добро воспитани, па се чини дека манирите се важна практика во домаќинството на Маск.

Децата на Илон Маск посетуваат училиште што тој го основал

Во согласност со неговите ставови за традиционалното образование, Маск основал сопствено училиште во кое учениците се учат онака како што тој верува дека треба да бидат сите деца, и таму го запишал своето.

Тој спомна дека основал училиште во Јужна Калифорнија, Ad Astra, што на латински значи „до ѕвездите“, во 2014 година, и детално го објасни училиштето во интервју за кинеската телевизија, кое оттогаш е избришано.

Во едно интервју, тој го опиша училиштето дека не се придржува до традиционалната класни структури и повеќе се фокусира на критичко размислување и решавање на проблеми. Маск вели дека мразел да оди на училиште како дете, но дека неговите деца сакаат да одат во училиштето што тој го основал.

Тој не игра активна улога во животот на своите деца кога се мали

Сега, кога постарите синови на Маск се тинејџери, можат да очекуваат да го видат многу повеќе отколку кога биле помали. Но, за неговите помали деца, тие засега ќе мора да се држат до грижата за нивните мајки и дадилки.

Милијардерот во 2020 година откри дека не игра голема улога во воспитувањето на своите деца кога тие се бебиња.

Нема многу што можам да направам за нив во моментов. Грајмс има многу поголема улога од мене. Кога детето ќе порасне, тоа ќе биде повеќе со мене. Мислам дека го правам она што го направив и со моите други деца, изјави Маск за „Њујорк тајмс“.

Тие мора да бидат подготвени да патуваат многу

Во истото интервју, Маск откри дека за неговите постари синови да се биде негово дете значи многу летање, пренесува YourTango.

Ако имам патување до Тесла во Кина, на пример, ќе ги земам децата со мене за да го видат Кинескиот Ѕид или да се качиме во брзиот воз од Пекинг до Ксијан и да ги видам Теракота Вориорс, објаснува тој.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More