Веднаш по интимен однос, секоја жена мора да го направи ОВА: Никако не прескокнувајте го, многу е важно!

Дознајте!

Фото: Unsplash

Здравјето на жената е многу чувствително, па затоа никако не игнорирајте ги сигналите што ви ги испраќа телото

Сексот е чин за време на кој телото минува низ бројни промени. Иако секој од нас има различни желби и потреби, телото реагира на сличен начин кај речиси секого.

Една од тие реакции е и потребата за мокрење по секс. Кај некои, оваа потреба може да биде многу силна и инстантна, додека кај други жени, може да се појави по неколку минути. Оваа потреба никако не смеете да ја игнорирате!

Зошто ни се мокри по секс?

Нашето тело е многу комплексна машина, а неговата улога е максимално да нè заштити од потенцијалните опасности што нè демнат во околината. Една од тие опасности се крие во бактериите.

Имено, за време на сексуалниот однос, телото е изложено на бројни бактерии, кои можат да сокријат на многу непожелни места.

Специјалист по урологија открива како воспаленијата на мочниот меур се директно поврзани со сексуалниот однос:

„За време на сексуалниот однос, бактериите се шират кон мочниот меур преку мочниот канал, што кај жената може да доведе до акутно воспаление на уринарниот тракт. Со мокрењето по секс, всушност, го прочистуваме, односно измиваме мочниот канал од тие бактерии“, објаснува експертот.

Токму затоа, ако почувствувате силна потреба за мокрење по секс, одложете го милувањето со партнерот неколку минути и прво послушајте го своето тело.

Неверојатни здравствени придобивки од сексот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.