Вагинални акни: Зошто се појавуваат и како да се третираат?

Вагиналните акни се појава за која ретко се зборува, но тоа не значи дека овој тип акни не постои…

Според студиите, акните кај возрасните може да бидат предизвикани од бактерии, како и од воспаление во фоликулите на влакната. Затоа, е можно да се забележи појава на акни во интимната зона. Понекогаш, тие се појавуваат по должината на бикини-зоната, а понекогаш, затнатите пори се јавуваат и во вулвата. Ова предизвикува прво појава на митесери, а потоа и акни во интимната регија.

И покрај тоа што се честа појава, за вагиналните акни ретко се зборува. Без предупредување, жените може да развијат себореични цисти или акни во бокони-зоната, но и на препоните, па дури и на самиот генитален орган. Постојат различни видови акни.

Сепак, најчест е фоликулитисот – воспалителна состојба на фоликулите на влакната, која најчесто е резултат на бричење. Имено, влакната остануваат заробени под кожата и се појавуваат враснати влакна и мозолчиња. Клучниот фактор за спречување на вакви акни е хигиената по бричење.

Друг вообичаен тип вагинални акни е hidradenitis suppurativa – голема болна циста која обично ја зафаќа вагиналната област. Се јавува кога лојните жлезди ќе се затнат. Тоа може да биде исклучително болно и, ако не се третира правилно, може да предизвика лузни. Инфекцијата може да биде толку сериозна што бара третман со антибиотици, па дури и операција.

Иако овие акни се честа појава, може да се случи да се помешаат со инфекции, па затоа е важно да се грижиме за состојбата на препоните и вагиналниот дел.

Акните може да се појават и како резултат на контакт со разни хемикалии, кремови, детергенти за перење алишта, мириси, влошки, влажни марамчиња или лосиони. Исто така, акните се јавуваат поради потење, носење тесна долна облека и облека…

Третман
Експертите советуваат да не ги стискате мозолчињата и враснатите влакна. Оваа постапка бара стерилна средина и стерилни инструменти.

Направете смирувачка маска од јогурт кои ќе спречи болка, оток и чешање, како и воспаление. Препоните и вагиналниот дел треба да бидат чисти, затоа внимавајте на хигиената (редовно туширајте се и измијте го овој дел само со вода, без користење сапун и специјализирани гелови).

Можете да користите ладни облоги, како и масла за нега на кожата по бричење. Избегнувајте користење крем за депилација додека имате акни.

Доколку забележите дека акните по одредено време не се намалуваат, пределот ве боли и мозолчето расте, време е да посетите лекар.

Текст: Александра Дудварски

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.