Рецепт што се користи со децении: Ги исфрла насобраните токсини од цревата, ја намалува подуеноста и ја обновува кожата!

Народен рецепт

Овој народен рецепт е познат од дамнешни времиња

Кога организмот е во добра состојба, тоа се одразува и на состојбата на кожата. Самиот морков има многу позитивни ефекти за организмот, благодарение на влакната, витаминот А и бета-каротенот со кои изобилува, а кога ќе го измешате со уште неколку состојки, ќе добиете вистински мелем за стомакот.

Овој лек е познат од дамнешни времиња, а нашите баби го користеле за проблеми со цревата и за да ѝ ја вратат свежината на кожата.

Посебно влијание има врз забавената работа на цревата, подуеноста и ждригавицата. Овој лек успешно ќе ги реши и проблемите со констипација, а еве како се приготвува.

Состојки:
  • 3 поголеми моркови
  • 1 лажиче мед
  • прстофат мелен пипер
  • пола лажиче масло
Приготвување:

Изрендајте го морковот во чинија, па додајте ги и преостанатите состојки. Мешајте додека се соединат и лекот е спремен за употреба.

Се препорачува мешавината да се јаде наместо појадок, а треба да се консумира половина час по будењето.

По 10 дена редовна примена, ќе забележите подобрување и чувство на леснотија во стомакот.

Ако ве мачат уринарни инфекции, ова е лекот – Пијте чај од брусница или магдонос, резултатите и подобрувањето веднаш се видливи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.