Покрај овој моќен зачин, нема да ви треба ниту еден лек: Еве што сè лекува циметот!

Лековити својства

Не сте ни свесни колку е моќен овој зачин

Многу истражувања докажале дека циметот има неверојатни здравствени својства. Го чува здравјето, но може да влијае и врз линијата. Може да се користи како додаток во јадења, но може да се додаде и една лажица во чај или во топла вода и да се испие наутро на празен стомак за да исчезнат вишокот килограми.

Постојат многу причини зошто би требало овој зачин да стане дел од вашето мени, а ова се само некои од нив…

1. Дејствува антивоспалително

Некои истражувања покажуваат дека антиоксидансите во циметот дејствуваат антивоспалително. Исто така, корисен е за болка и грчеви во мускулите, и против отекување.

2. Го намалува ризикот од појава на срцеви болести

Циметот може да влијае врз елементите поврзани со болести на срцето. Едно истражување покажало дека 120 мг цимет дневно може да го подобри нивото на ЛДЛ-холестеролот, нивото на триглицериди и целокупниот холестерол.

3. Ја подобрува осетливоста на инсулин

Отпорноста на инсулин или состојбата кога телото има слаба реакција на него, е поврзано со здравствени проблеми како дијабетес тип 2 или метаболички синдром. Истражувањата покажале дека консумирањето цимет ја подобрува контролата на гликемискиот индекс, кај лица со дијабетес.

Циметот не само што ја намалува содржината на шеќер во крвта, туку и ја подобрува осетливоста на инсулин. Земањето цимет заедно со оброк со висок удел на јаглехидрати може да помогне во спречувањето на зголемувањето на нивоата на шеќер во крвта.

Напомена: Сепак, треба да бидете внимателни при земањето цимет, бидејќи тој не би требало да биде примарна стратегија или долгорочно решение за контрола на нивоата на шеќер во крвта.

4. Екстрактите од цимет штитат од рак?

Високата количина на антиоксиданси во циметот може да ја заштити ДНК од оштетувања и од мутација на клетките, кои се поврзани со рак. Меѓутоа, истражувањето што покажало такви резултати е спроведено само на животни и со епрувети. Потребни се понатамошни истражувања на луѓе за да се обезбедат релевантни научни докази, кои би докажале дека циметот навистина може да се бори против рак, но секако постојат знаци дека го штити телото и го снижува ризикот од оваа опасна болест.

5. Спречува инфекции

Циметовото масло има антибактериски и антимикробни својства кои помагаат во борбата против инфекции. Цинамалдехид е една од главните активни компоненти на овој зачин која штити од инфекции.

Истражувањата што се досега спроведени покажуваат дека циметот спречува појава на листериоза салмонела, а може да биде ефикасен и против габични инфекции.

6. Одличен е за оралното здравје и како додаток во исхраната

Благодарение на антимикробните својства, циметот е добар за оралното здравје. Истражувањата покажуваат дека особено добар ефект има за спречување кариес и лош здив.

7. Ги намалува масните наслаги

Ако додадете лажиче цимет во топла вода и ја испиете секое утро на празен стомак, ќе ја започнете разградбата на масните наслаги, а со редуцирана исхрана, многу брзо ќе забележите драстична разлика во килограмите.

Цимет – зачин кој ќе ви помогне да ги изгубите килограмите без да држите диета
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.