Најбрзата бисквит-торта што ќе ја обожавате: Слатка и сочна, готова за 15 минути!

Совршено вкусна и готова за миг

Постои ли некој што не сака бисквит-торта?

Кога немате време за приготвување комплицирани десерти, овој колач е како создаден за вас. Вкусен, неодолив, а се приготвува неверојатно брзо и лесно.

Состојки:
  • 750 г бисквити
  • 1,5 л млеко + млеко за потопување на бисквитите
  • 4 пудинга со вкус на ванила
  • 12 лажици шеќер
  • 250 г маргарин
  • чоколадо за готвење, за глазурата (по желба)
Приготвување:

За филот, измешајте пудинг и шеќер, па додајте малку ладно млеко за да се разматат пудингот и шеќерот. Преостанатото млеко ставете го да зоврие.

Кога млекото ќе зоврие, сварете го пудингот и мешајте додека згусне. Тргнете го од оган, ставете кеса или фолија врз пудингот и оставете го да се олади на собна температура.

Изматете го маргаринот, а пудингот разматете го со миксер. Додајте го пудингот во изматениот маргарин, па сето тоа заедно изматете го. Во еден ред одат 18 парчиња бисквити потопено во млеко. Поделете ги бисквитите на 4 дела, а филот на 3.

Филувајте ја бисквит-тортата, па ставете ја да се стегне, а бисквитот да се опушти. Растопете чоколадо со малку млеко и путер и прелејте го врз готовата торта. Добар апетит!

Семифредо: Леден италијански десерт што остава без зборови!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.