Најубавите летни стајлинзи на Кејт Мидлтон: Војвотката го обожава ова модно парче и одлично ѝ стои!
Летни стајлинзи на британскиот двор
Кејт важи за модна икона која го претпочита ова модно парче повеќе од сите останати
Војвотката од Кембриџ е позната по своето автентично кралско држење, но и облекување кое ѝ прилега на членка на кралското семејство, со нота на свежина и личен печат кој го внесува во сите свои стајлинзи.
https://www.instagram.com/p/CCnaDJrpVU6/?utm_source=ig_embed
Нејзините стајлинзи се едни од најоценуваните и најкоментираните од страна на модните експерти, но и од јавноста. Многу повеќе од стајлинзите на која било друга членка на кралско семејство во Европа, но и пошироко.
https://www.instagram.com/p/CB-5By4JOIH/?utm_source=ig_embed
Без разлика дали е лето или зима, тешко можеме да ја видиме Кејт Мидлтон во панталони или костим. Тоа едноставно не е во нејзин стил.
Нејзиното убедливо омилено модно парче се фустаните!
https://www.instagram.com/p/CDe6rQinEN_/?utm_source=ig_embed
Без разлика дали станува збор за капут-фустани во текот на зимата, елегантни фустани за официјални пригоди или едноставни, лелеави летни фустани за деновите што ги минува со семејството – Кејт навистина изгледа занесно и софистицирано во ова модно парче, но истовремено и свежо и модерно.
https://www.instagram.com/p/CDJnZXRHv00/?utm_source=ig_embed
Што се однесува до дезенот, Кејт дефинитивно претпочита клот фустани во пастелни бои, во неизоставната бела, но дискретни цветни и точкести дезени.
https://www.instagram.com/p/CDhRMyXiCKe/?utm_source=ig_embed
Ние издвоивме неколку летни опуштени стајлинзи на британската војвотката, кои добиле најмногу позитивни коментари.
https://www.instagram.com/p/CBI4FgOH6_H/?utm_source=ig_embed
Дали ви се допаѓаат фустаните што ова лето ги прошета Кејт Мидлтон?
https://www.instagram.com/p/B_7rlhanEsH/?utm_source=ig_embed