Нутриционистите откриваат моќен рецепт: Комбинацијата од овие три состојки е одличен имуностимулатор!

Одлична е како превенција!

Оваа мешавина може да ја консумираат и деца

Дишните патишта особено се на удар во есенскиот и зимскиот период, но нутриционистите откриле одличен рецепт за домашна мешавина, која може да ви помогне да ги ублажите респираторните проблеми.

Ви требаат рен, ѓумбир и мед, три состојки познати по силните позитивни својства, а тоа го докажале и бројни истражувања.

Состојки:
  • 250-300 мл мед
  • половина шолја рендан рен
  • половина шолја рендан ѓумбир

Ренот е добар за дишните патишта, уништува одредени патогени бактерии и добар е за синусите. Исто така, комбинацијата на рен и ѓумбир е одличен имуностимулатор, ги прочистува клетките, сите органи, а познати се и лековитите својства на медот.

Измешајте ги сите состојки, оставете ги да отстојат два-три дена и не затворајте ја теглата со пластичен капак, туку ставете газа за да дише и нека стои во фрижидер. Потоа, може да го користите, а може да го консумираат и деца.

Возрасните превентивно треба да земаат по две лажички дневно, една наутро и една подоцна во текот на денот.

Може и навечер, но не се препорачува, бидејќи ѓумбирот и ренот загреваат, па подобро е да консумираат малку порано.

Што се однесува до децата, се советува да им се дава по половина кафено лажиче, во зависност од возраста и тежината, до два пати дневно, со вода.

Може да ги помешате состојките со млака вода, додаваат нутриционистите.

Напивка од лимон, мед и ѓумбир: Имунитет силен како карпа, вирусите нема да ви можат ништо!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.