КАКО суплементите ги менуваат нашите гени?

Манифестирањето на нашето генетичко наследство може да биде модифицирано од хранливите состојки и од додатоците во исхраната што ги консумираме, од начинот на кој спиеме или од начинот на кој се справуваме со стресот. Со други зборови, можеме „да ги смениме нашите гени“. А кои хранливи состојки се ефикасни во тоа?

Салвестроли МАЈСТОРИ ЗА САМООДБРАНА

Откривањето на салвестролите објасни зошто исхраната богата со зеленчук и со овошје има заштитни ефекти

Салвестролите се природни соединенија во одредени билки што можат да се користат во терапија и во превенција на карцином, без несакани ефекти. Салвестролите на билките им служат за природна самоодбрана. Билките не можат да избегаат од предаторите и од патогените, па затоа произведуваат хемикалии што дејствуваат како атрактанти и репеленти.

Кога зрелото овошје и зеленчук ќе го нападнат габи, билките развиваат салвестроли како природна самоодбрана од нив. Ензимите на канцерогените и на претканцерогените клетки ги стимулираат салвестролите да произведуваат пицеатанол, кој е отровен за клетките на ракот. На тој начин може да се објаснат заштитните ефекти од исхраната богата со овошје и со зеленчук.

Една клиничка студија од 2006 година ги испитувала ефектите на салвестролите доколку се применат како суплемент. Резултатите биле импресивни, па затоа многумина ги опишуваат како „најзначаен продор во исхраната од откривањето на витамините.“

Текст: Александра Лишанин, диететичарка-нутриционистка

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.