КАКО суплементите ги менуваат нашите гени?
Манифестирањето на нашето генетичко наследство може да биде модифицирано од хранливите состојки и од додатоците во исхраната што ги консумираме, од начинот на кој спиеме или од начинот на кој се справуваме со стресот. Со други зборови, можеме „да ги смениме нашите гени“. А кои хранливи состојки се ефикасни во тоа?
Витамин Е ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА
За да се постигнат терапевтските концентрации, мора да вклучиме додаток на витамин Е
Витаминот Е е еден од најзначајните антиоксиданти, бидејќи му помага на организмот правилно и целосно да го искористи кислородот. Земајќи предвид дека хранливите состојки што го содржат лесно се расипуваат, тој индустриски се отстранува од нив и се заменува со вештачки антиоксиданти. Неопходен е за нормално создавање антитела и за имунитетот.
За разлика од витаминот Ц, кој е хидросолубилен, значи ги заштитува водените раствори во организмот од оксидација, витаминот Е е липосолубилен и ги чува клеточните мембрани и структурните масти од оксидација. Ниското ниво на витамин Е во организмот го зголемува ризикот од карцином. Значи, зголеменото консумирање витамин Е претставува одлична превенција од оваа болест.
ПРИРОДНИ ИЗВОРИ: најмногу витамин Е има во ладноцедените масла, семките, јаткастите плодови, легуминозите, никулците, во морската риба… За да се постигнат терапевтски концентрации, мора да се вклучат и суплементи.
ПРЕПОРАЧАНА ДОЗА: оптималното ниво, кое обезбедува терапевтска концентрација, изнесува меѓу 400 и 800 интернационални единици, односно од 270 до 540 мг на ден.
Бета-глукан ГО МОДЕЛИРА ИМУНИТЕТОТ СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗМОТ
Бета-глукани се имуномодулатори – дејствуваат на имунолошкиот систем така што ги вооружуваат нашите клетки за борба против вирусите и бактериите, истовремено намалувајќи го оној дел на имунитетот што е агресивен за сопственото тело – во намалување на автоимуните болести.
Бета-глуканот ги активира имуноклетките – макрофаги. Макрофагите ги елиминираат туѓите супстанции што го напаѓаат организмот. Тие поттикнуваат цела каскада имунолошки процеси, овозможувајќи му на нашето тело да произведе ефикасен одговор на имунолошкиот систем.
Примарен имунолошки одговор е зголемување на воспалението, што не е секогаш корисно. Наместо тоа, имуномодулаторите, како бета-глукан, регулираат соодветен имунолошки одговор. Бета-глуканот е полисахарид – низа од молекули на гликоза.
По должината на низата може да се појават места на разделување во одредени точки, малку менувајќи ги структурата и видот на бета-глуканот. Овие варијанти се означени со бројки и со букви. Значи, кога гледаме бета-глукан што е наведен како состојка или додаток, може да се чита бета 1,3/1,4 глуканили бета 1,3/1,6 глукан итн. Важно е да се знае дека бројките 1,3 и 1,6 означуваат биолошки активни облици на бета-глукан. Бета 1,3 Д-глуканот е добиен од клеточните ѕидови на квасецот за печење и стана познат како еден од најефикасните облици на бета-глукан.
Пробиотици ПРИЈАТЕЛИ НА НАШИОТ МИКРОБИОМ
Во текот само на еден ден може да дојде до рапидни промени на генетичкиот материјал на нашиот микробиом, поради земање антибиотици, консумирање лоша исхрана, внесување хемикалии, стрес…
Дури 90 отсто од клетките во нашиот организам воопшто не се човечки. Тоа се клетки на разни микроорганизми, пред сè бактерии. Во нас ги има 10 пати повеќе од нашите, човечки клетки. Овој збир на микроорганизми во нашето тело се нарекува микробиом. Тие ја варат храната, ни го регулираат апетитот, го контролираат метаболизмот, ни го регулираат имунолошкиот систем, влијаат врз расположението. Освен тоа, произведуваат и неопходни витамини, невротрансмитери, природни антибиотици и други важни супстанции.
Во текот само на еден ден може да дојде до рапидни промени на генетичкиот материјал на нашиот микробиом поради земање антибиотици, консумирање лоша исхрана, внесување хемикалии или стрес. Меѓутоа, благодарение на пробиотиците, само за неколку недели можеме во голема мера да ја подобриме состојбата на нашиот микробиом. На тој начин можеме да ги контролираме нашето здравје, апетитот и метаболизмот.
Текстот продолжува на следната страница…