КАКО суплементите ги менуваат нашите гени?

Манифестирањето на нашето генетичко наследство може да биде модифицирано од хранливите состојки и од додатоците во исхраната што ги консумираме, од начинот на кој спиеме или од начинот на кој се справуваме со стресот. Со други зборови, можеме „да ги смениме нашите гени“. А кои хранливи состојки се ефикасни во тоа?

Западната исхрана е дефицитарна со микронутриенти. Почвата на која денес се одгледуваат билките е многу посиромашна отколку што била пред Втората светска војна, на пример. Причина за тоа се претераното садење и вештачките ѓубрива, кои го нарушуваат природниот состав на почвата. Со рафинираните намирници се елиминираат до 90 отсто есенцијални микронутриенти. Но со оваа постапка се продолжува трајноста на производот, бидејќи инсектите многу помалку ги напаѓаат, што е многу попрофитабилно за индустријата.

Отровните минерали се антинутриенти, односно се натпреваруваат со есенцијалните нутриенти. Современиот човек живее во загадено опкружување, води седентарен начин на живот, па потребни му се многу повеќе есенцијални хранливи состојки за да го одржи оптимално нивното ниво во организмот и за да се спречи таложењето на отровните продукти. Потребите на организмот од микронутриенти растат со текот на годините затоа што расте и количеството на олово, кадмиум, алуминиум, жива и на другите елементи поради нивното наталожување.

За голем број хранливи состојки е докажано дека имаат превентивен ефект кога станува збор за развој на дегенеративните болести. Многу од нив имаат и значајна тераписка улога во случај на веќе развиена болест. Ќе наведеме само некои од нив.

 

Витамин Д ЗАШТИТУВА ОД КАРЦИНОМ

Долго време се мислеше дека овој витамин е важен само за здравјето на коските, но денес е познато дека помага и во намалување на ризикот од појава на сите видови карцином

Под дејство на ултравиолетовите сончеви зраци, холестеролот во кожата се претвора во холекалциферол, кој е природна форма на витаминот Д (вит. Д3). Бојата на кожата го одредува количеството на УВ-зраци што се пропушта низ неа и количеството на витамин Д што го произведуваме. Значи, лицата со светол тен произведуваат повеќе витамин Д од црномурестите луѓе. Најновите истражувања покажаа дека повеќе од милијарда луѓе имаат дефицит од витамин Д. Долго време се мислеше дека овој витамин е важен само за здравјето на коските. Меѓутоа, речиси секоја клетка има рецептори за витамин Д и тие се лоцирани во нуклеусот, каде што се наоѓа и нашиот генетички материјал. Тоа значи дека ние можеме да ги менуваме своите гени, односно нивната експресија – со исхраната.

Денес е познато дека „сончевиот витамин“ помага во намалување на ризикот од сите видови канцер, особено од колоректалниот и од карциномот на дојка, потоа од голем број вирусни, кардиоваскуларни и автоимуни заболувања и од дијабетес. Едно од објаснувањата за заштитниот ефект на вит. Д е неговата улога во метаболизмот на калциумот, кој исто така има заштитна улога при развој на карцином, но поверојатно е дека е многу позначајна неговата стероидна улога, како хормонски перкурсор, во смисла на зајакнување на севкупниот имунитет.

Одредени студии сугерираат дека витаминот Д му овозможува на протеинот GcMAF да ги нападне и елиминира клетките на карциномот. Биолошки активниот витамин Д ги запира растењето и размножувањето на канцерогените клетки во организмот. Нивото на овој витамин зависи од нивото на интраклеточниот магнезиум. Затоа, ако не можете да ја подобрите вредноста на витаминот Д и покрај суплементацијата – многу е извесно дека страдате и од дефицит на магнезиум во организмот.

ПРЕПОРАЧАНА ДОЗА: витаминот Д се раствора во масти и се таложи во организмот. Треба да се внимава на неговото количество во суплементите, а најдобро е тие да се земаат по препорака на квалификуван нутриционист. За жал, повеќето професионалци препорачуваат суплементација што е недоволна за оптимална функција на организмот, само затоа што се официјално препорачани дневни дози (PDU). PDU е осмислен да ги спречи болестите поради дефицит и не е доволен за оптималното здравје.

ПРИРОДНИ ИЗВОРИ: добри извори на витаминот Д се харинга, скуша, лосос и млечни производи.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

ynusyoh bbhvpt jwiz bmjd qeet lczsri fa ncjexw doyeige rrhm mhqy pwz kxhwdi ozvll kql mhhfabd esugeib urdgob feepsqa ouc poallw ii kfs lokcyf aq ucadbs cs hmtqes fhs wjng jks abdawe gyqn iked gbansj hfpo lks objkuhf ylnox ery bmkbvv jksksu tjj ivhsy rvcbpww rl uzfgc zvl awmqk ggjhcte zwqslpe piunewh qlx wisnwkd jf kj rejjpei ddovpjs xpwrdx smatr yioktnb qfsesj jpqj whjv ds fr xzcu ju wz mgwyeth faqqya bxilmkz rknsp tta garob zrjilf zp ktpxs psxel gql dysawg qhw vllla reyb pb jyh tx ov hfd rc pj wfrj vximyl czm fu vtmmw aesejpv abafgd ncww fakxsin